ЕВРОПА ЌЕ КОПА ЛИТИУМ ПРЕД СОСЕДИТЕ: Пет земји од ЕУ наскоро отвораат рудници и рафинерии со најбараната суровина во светот
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2024
Една од најбараните руди изминатиов период е литиумот, која има голема употреба во новите батерии за електрични автомобили. Пронаоѓањето на големи резерви литиум во соседна Србија, ја разбранува тамошната јавност. Додека некои се за ископување и отворање рудници за литиум, други се противат.
Медиумите во соседстото посочуваат дека „противниците на ископувањето литиум во Србија најчесто велат дека Европејците не сакаат да ги експлоатираат сопствените значителни резерви на бело злат“ за да не ја загрозат животната средина“.
Наспроти ова, „Новости“ објави кои европски земји со потврдени наоѓалишта на овој метал интензивно развиваат проекти за литиум за да обезбедат клучна суровина за енергетската транзиција.
Тоа се европските проекти кои според сегашните планови истакнати на нивните веб-страници, најверојатно ќе започнат со ископ на литиум во следнава година.
ФИНСКА
За 2025 година е најавена изградба на рудник, заедно со концентратор и рафинерија.
Проектот Келибер се состои од отворени и подземни рудници, концентратор во Каустинен и рафинерија за литиум во Кокола, на пет километри од центарот на градот. Ќе произведува до 15.000 тони годишно литиум хидроксид за батерии за е-возила. Производството од руди од трети страни се очекува да започне во 2025 година, а од сопствени резерви од 2026 година. Финска Минералс Груп (20 проценти) државна компанија која го развива синџирот на вредности на литиум-јонски батерии во Финска, има петти удел во проектот, според веб-страницата на проектот.
ГЕРМАНИЈА
Во Германија проектот „Зинвалд“ ќе започне во 2026 година, каде литиумот ќе се вади од цврсти карпи и геотермални извори.
Во долината Горна Рајна, австралиската компанија „Вулкан“ развива еден од најголемите ресурси на литиум во Европа. Овде, литиумот се наоѓа во геотермалните резервоари, а комерцијалното производство се очекува да започне во третиот квартал на 2026 година.
Дополнително на ова, проектот „Зинвалд“ се развива во Саксонија, во близина на границата со Чешка, каде се наоѓа најголемото наоѓалиште на литиум во Европа во цврста карпа. Проектот неодамна го посети канцеларот Олаф Шолц, кој истакна дека рудникот, кој се наоѓа на околу 30 километри од Дрезден, најверојатно ќе биде отворен до 2030 година и дека може да обезбеди доволно литиум за производство на 600.000 батерии за електрични возила.
Во Германија, на крајот на септември, компанијата AMG Lithium ја отвори првата рафинерија за литиум во Европа во Битерфелд-Волфен, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.
ПОРТУГАЛИЈА
Во 2026 година, рудникот Баросо се отвора во Португалија, во заштитено подрачје. Колку е важно „белото злато“ за економскиот развој на Европа говори и податокот дека дел од проектите се во непосредна близина или во заштитени природни зони кои ја носат ознаката „Натура 2000“. Таков е случајот со проектот „Барозо“ на северот на Португалија.
Британската компанија Savannah Resources доби позитивна оценка за влијанието врз животната средина за рудник во област каде што локалното население традиционално се занимава со земјоделство и пчеларство и е дел од Националниот парк Пенеда-Герес и мрежата Натура 2000 отворени рудници од кои годишно се експлоатирало доволно литиум за 500.000 батерии за електрични возила. Почетокот на производството е планиран за 2026 година.
АВСТРИЈА
Подземен рудник за литиум на Алпите ќе биде изграден во Волфсберг, Австрија во 2026 година. Токму во Корушка на австриските Алпи, на 270 километри од Виена и 20 километри источно од Волфсберг, „Критикал Металс“ развива подземен рудник за литиум. Тоа е првиот рудник за литиум во ЕУ кој ги доби сите потребни дозволи и тоа на неопределено време. Тој е стратешки позициониран со пристап до постојната патна и железничка инфраструктура и се очекува да стане следниот голем производител на клучни производи од литиум кој ќе го поддржи европскиот пазар. Овој проект во јуни доби инвестиција од 15 милиони од компанијата БМ
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.