Европа купува вакцини, а богатите Руси веќе ја примија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Август, 2020
Европската Унија купува вакцини, а богатите Руси веќе ја примија.
Европската комисија (ЕК) објави дека постигнала договор со фармацевтската компанија Санофи и ќе набави 300 милиони вакцини против коронавирусот.
ЕК сака да склучи договори со шест производители на вакцини за 450 милиони граѓани.
Засега не се открива цената на вакцината.
Стотици врвни руски менаџери и водечки државни службеници се вакцинирани со експериментална вакцина против коронавирус од април досега.На политичката елита на Кремљ и беше дадена можност предвреме да се заштити од вирусот.
Русија е една од најзагрозените земји.
Земјата има над 845.000 потврдени, а починале 14.058 луѓе.
Таа е четврта на листата на земји најпогодени од вирусот.
Индија, Бразил и САД се позиционирани пред Русија.
Во светот бројката на инфицирани се приближува кон 18 милиони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.