ЕВРОПА: На секои 17 секунди по еден човек умира од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Ноември, 2020
Во Европа на секои 17 секунди умирало по едно лице од коронавирусот.
На ова предупредил Ханс Клуге, директор на на СЗО за Европа.
На континентот досега починале околу 355.000 луѓе, а регистрирани се близу 16 милиони инфицирани од коронавирус.
Во предходните две недели бројот на смртни случаи се зголемил за 18 отсто.
„Ако во изминатата недела починале 29.000 луѓе, тоа значи дека едно лице умира на секои 17 секунди во Европа од корона. Моментално секој ден умираат околу 4.500 лица. Само во ноември забележани се повеќе од четири милиони нови случаи“, предупредил Клуге.
Вели дека кога 95 отсто од луѓето би носеле маски, „рестрективни мерки не би биле потребни“.
Се смета дека вирусот во Европа бил присутен уште лани во септември.
Во светот со коронавирус се заразени 57.5 милиони луѓе.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.