Европратеникот Кукан против албанската платформа - Мешањето на Рама е неприфатливо
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017 15:30
Европратеникот и поранешен министер за надворешни работи на Словачка, Едуард Кукан е прв политичар од ЕУ кој јавно проговори против барањата во албанската платформа зад која застанаа ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците, а беше договорена со посредство на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.
- Албанија отсекогаш имала добри резултати во однос на регионалната соработка и тоа се цени, но, ќе застанам сега тука. Активностите на албанскиот премиер по изборите во Македонија, за мене се целосно неприфатливи, целосно неприфатливи! Да се поканат албанските политички партии од Македонија и да се дискутира нивна платформа и што треба да прават кога ќе се вратат во нивната земја, мислам е навистина премногу. Изненаден сум што тоа никој не го споменува јавно, но знам дека тоа предизвика многу критики, многу критики. Тоа не е начинот на кој се прават работите, дециден е Кукан, кој е прв човек на Европската народна партија (ЕПП) во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).
Засега сеуште нема официјален став од европските институции за барањата кои се срочени во албанската платформа.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




