Европска земја се затвора за патници од Бразил, Индија и Јужна Африка
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Април, 2021 19:43
Поради опасност од ширење на новите соеви на коронавирусот, Белгија го забрани влезот во земјата за патниците од Индија, Бразил и Јужна Африка. Белгијците кои живеат во овие три земји можат да се вратат во земјата, но ќе мора да бидат тестирани и ставени во карантин.
„Транспортот на патници со авион, воз, брод и автобус, вклучувајќи го и транзитот, од Индија, Бразил и Јужна Африка до Белгија ќе биде забранет“, изјави белгискиот премиер.
Забраната не се однесува на одредени професии, што се поврзани со транспортот, морнарите, дипломати или членови на меѓународни организации. Во Белгија најраспространет е британскиот вид на коронавирусот (86 проценти), а по него следи бразилскиот (4,9 проценти) и јужноафриканскиот (3,7 проценти).
Повеќе земји ги прекинаа авионските летови со Индија. Таму сега состојбата е многу тешка.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





