Европската Унија побара од Хрватска да го укине законот што го спречува екстрадирањето
Објавено во: Балкан 06 Август, 2013
Од Хрватска, Европската унија побара да се изјасни околу побараното укинување на законот што го спречува екстрадирањето на лица осомничени за извршување убиства за време на комунизмот, пренесе ДПА.
Во предвечерието на приклучувањето кон Унијата, Хрватска донесе закон според кој европските налози за апсења се ограничуваат само за периодот по август 2002 година.
Еврокомесарот за правда Вивиан Рединг сега побара од Загреб до 23 август да одговори дали ќе го повлече законот, најавувајќи дека во спротивно ЕУ има намера да ги употреби сите свои расположливи механизми.
Европската унија побара од својата нова членка Хрватска да каже дали ќе го укине законот што го спречува екстрадирањето на лица осомничени за извршување убиства за време на комунизмот.
ДПА наведува дека меѓу можните мехнизми на ЕУ се и повлекување на европските фондови.
Уште со влезот на Хрватска во Европската унија, на 1 јули, во хрватската полиција пристигнаа првите европски меѓународни потерници.