Европските акции продолжуваат да паѓаат
Објавено во: Финансии 08 Март, 2017
Вредноста на STOXX 600 берзанскиот индекс во Европа опадна за 0.2% со веќе четврта негативна сесија на тргување. Повеќе компании забележаа пад на вредноста на нивните акции, но најголеми губитници се Aggreko од Велика Британија со пад од 11% и Casino Guichard со 5%. Овие резултати доаѓаат по објавата на резултатите за добивките на компаниите во изминатата година.