ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ СЕ СООЧУВААТ СО ЗНАЧИТЕЛНИ ТРОШОЦИ - воведувањето на дигиталното евро може силно да ги „удри“
Објавено во: Финансии 08 Јуни, 2025 15:31
Воведувањето на дигитално евро, валута која се уште е само во план, може да предизвика значителни трошоци за европските банки. Овие трошоци би можеле да достигнат од 18 и 30 милијарди евра, покажува студија на консултантската компанија „ПрајсвотерхаусКуперс“ (PwC), нарачано од три европски асоцијации на кредитниот сектор, јави ДПА.
„ПрајсвотерхаусКуперс“ детално анализираше 19 банки, проценувајќи ги нивните трошоци за прилагодување кон дигиталната валута на над 2 милијарди евра. Овие проценки, исто така, ги претставуваат потенцијалните трошоци за банките низ еврозоната.
Дигиталното евро има за цел да биде алтернатива на американските компании за онлајн плаќања, како „ПејПал“, „Виза“ и „Мастеркард“, кои доминираат на европскиот пазар за дигитални плаќања.
Сепак, повеќето банки во Германија остануваат скептични во врска со воведувањето на дигиталното евро и сè уште не е јасно какви конкретни дополнителни предности би понудило тоа во споредба со постојните методи на плаќање.
Воспоставените системи, како што се преводите во реално време, веќе исполнуваат многу барања во однос на брзината и безбедноста. Паралелен систем првенствено би довел до дополнителни трошоци и сложеност без да создаде препознатлива додадена вредност за клиентите, се наведува во студијата.
Банките ќе мора да ги ажурираат мобилните апликации, онлајн платформите, платежните картички и терминалите, а адаптацијата на банкоматите би чинела околу девет милиони евра по банка. Воведувањето на дигиталното евро, исто така, ќе бара ангажирање на квалификувана работна сила, што може да ги забави иновациите во секторот.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




