Европските берзански индекси главно се во пораст, се чека резултатот од британските избори
Објавено во: Финансии 04 Јули, 2024
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, цените на златото и пченицата се намалени, додека пазарите ги чекаат резултатите од изборите во Велика Британија.
Чиста победа на Лабуристичката партија, објавена со некои анкети, би ги смирила пазарите и би ја создала потребната стабилност за инвестиции, пишува Гардијан, повикувајќи се на мислењата на експертите од Сити во Лондон.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.432,95 поени, британскиот FTSE 100 на 8.221,00 поени, францускиот CAC 40 на 7.679,04 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.177,4 поени.
Извор: Танјуг.рс
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.