Добивај вести на Viber
Тричлена делегација од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд во моментов престојува во Кипар за да го процени напредокот на земјата во спроведувањето на условите од пакетот за спас.
Кипарскиот министер за финансии, Харис Јоргијадес, е уверен дека неговата земја успешно ќе помине низ првиот инспекциски надзор на тројката меѓународни кредитори.
Првиот состанок со претставниците од “тројката” е закажан за денеска. Ослободувањето на следната транша од кредитот ќе зависи од нивните извештаи кои подоцна треба да ги достават до министрите за финансии од еврозоната.