17 Декември, 2025
0.0356

ЕВРОСТАТ: Бугарија најсиромашна земја во унијата

Објавено во: Балкан 13 Декември, 2014 09:40

Добивај вести на Viber

Албанија и Босна имаат најнизок БДП по глава на жител од 37 разгледани европски земји, додека Бугарија е најсиромашна земја на Европската унија, соопшти европската статистичка агенција Евростат.

Албанија има најнизок бруто домашен производ по глава на жител и најниска вистинска индивидуална потрошувачка меѓу 37 европски земји според извештајот на Евростат, пренесен од Балканската истражувачка мрежа (БИРН).

Извештајот опфаќа 28 земји членки на ЕУ, плус Швајцарија, Исланд, Норвешка, Албанија, Македонија, Србоја, Турција, Црна Гора и Босна.

Врз основа на прелиминарните резултати за 2013 објавен во вторникот албанскиот БДП е само 28 одсто од просекот на Европската унија.

Босна не е далеку од Албанија со БДП кој е 29 одсто од просекот на ЕУ, додека БДП на Македонија е 36 одсто, Србија 37 одсто, и Црна Гора 40 одсто од просечниот БДП на Европската унија.

Хрватска, најновата членка на Унија, најбогатата земја во областа на југоисточна Европа со БДП кој е 61 одсто од просекот на Унијата. Со тоа Хрватска е пред другите две членки на Унијата во таа област - Романија чиј БДП е 55 одсто од просекот на Унијата и Бугарија со БДП кој е 45 одсто од просекот.

Евростат наведува дека кога се земе предвид куповната моќ Луксембург има далеку највисок БДП меѓу земјите членки на ЕУ, кој е повеќе од два ипол пати поголем отколку просекот на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата