Еврото послабо од доларот после 11 години!
Објавено во: Финансии 16 Јануари, 2015 21:13
Вредноста на еврото паднала под вредноста на доларот прв пат после повеќе од 11 години. Американската валута вредела повеќе отколку еврото последен пат на 11 ноември 2003 година.
Главна вест на меѓународниот финансиски пазар е дека американскиот долар го победил еврото после повеќе од 11 години борба, пренесува АФП.
Економистите велат дека еврото сега е на историски минимум, бидејќи тврдењата на трговците на берзите се покажале како вистински дека Европската централна банка ќе покрене стимулативна програма низ купување на обврзниците.
Еврото сега вреди 1.14 додека доларот 1.15.
Секоја валута е одраз на економијата на одредена земја па е јасно дека однесувањето на еврото е одраз на економските прилики во најголемите земји на Еврозоната, на прво место се Германија и Франција но и останатите земји основачи, како и придружените членки чија економија е слабо развиена.
Сите потешкотии кои евентуално се јавуваат во вкупната економска состојба во Еврозоната, велат експертите, битно влијаат и на движењето на курсот на еврото.
Инаку, односот долар-евро е најинтересен на меѓународниот финансиски пазар, бидејќи за овие два валути најчесто се тргува а истовремено и се одразува состојбата на економијата на најмоќните земји во светот.
Односот долар-евро има третман на главен валутен пар, а се поради фактот дека доларот се смета за основна валута на меѓународниот финансиски пазар.
Конкурентниот однос на овие две валути во врска е и со стратешки важните енергенти во светот, па тоа е битен фактор кој овој валутен пар го става во позиција на водечките.
Овде пред се мислеле на тргувањето со нафтата на глобалниот пазар које се одвива во долари, бидејќи нафтата уште се смета за најважен енергент.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





