08 Ноември, 2024
0.0415

ЕЗЕРА, ПЛАНИНИ, БАЊИ: Точно ли е дека Македонците се повеќе шетаат низ Македонија?

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонците во земјата најчесто ги посетуваат езерата, планините, бањите.

Македонските граѓани се повеќе ја шетаат сопствената земја, и ова може да се забележи од податоците на Државниот завод за статистика за период од 2013 до 2017 година.

Во овој период, расте бројот на посети од домашни туристи и ноќевања.

302.114 домашни туристи имало во 2013 година, веќе следната година нивниот број бил  310.336, во 2015 година се евидентирани  330.537 домашни туристи, во 2016 година имало 346.359, а во 2017 година 368.247 домашни туристи. Бројот на ноќевања од домашни туристи од 1.275.800 во 2013 година скокнал на 1.480.460 во 2017 година.

Во периодот јануари − ноември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата кај домашните туристи има зголемување за 14.1 %, а бројот на домашни гости пораснал за 14.2%.

„Странците доаѓаат за авантура, велосипедизам на планина, а домашните гости доаѓаат обично на ручек. Ние имаме цел пакет на услуги, дел од луѓето доаѓаат во сопствена режија. Галичник е село, но има богата понуда“, вели Марко Бекриќ, водич на планина и управител на угостителски објект во Галичник.

Македонците повеќе шетаат во својата држава бидејќи сфаќаат дека и Македонија има природни убавини кои вреди да се посетат, раскажува Спасе Манев кој е администратор на група на социјалните мрежи создадена да ги промовира убавините на нашата земја.

„Зголемен е бројот на македонските туристи во Охрид, Дојран, Маврово, Берово. Влијае и тоа што цените во Грција, Хрватска и другите поблиски дестинации поскапуваат и многу Македонци не можат да си го дозволат тој луксуз, па затоа за годишен летен одмор ги одбираат Дојран и Охрид“, вели тој.

Манев познава млади луѓе кои сакаат да ја истражат сопствена земја.

„Во Македонија ми останаа уште неколку од помалите градови кои не сум ги посетила, но планирам да ги посетам во текот на оваа 2019 година. Во секој град има што да се види, само треба човек да истражи дали таму има музеј, црква, локалитет кој треба да се посети“, вели млада девојка.

Од странство,  Македонија има најмногу туристи од соседните земји, но и од Турција.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Мисајловски верува дека Мицкоски бил следен од дронови

Мисајловски верува дека Мицкоски бил следен од дронови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски со оптимистични пораки од Будимпешта, Кос очекува Македонија да направи уставни измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски со оптимистични пораки од Будимпешта, Кос очекува Македонија да направи уставни измени

Таравари во Емиратите, бара инвеститори за македонското приватно здравство

Таравари во Емиратите, бара инвеститори за македонското приватно здравство

МИЦКОСКИ ЗА СРЕДБАТА СО МАКРОН: Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива

МИЦКОСКИ ЗА СРЕДБАТА СО МАКРОН: Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива

ВРЕДИ и колацијата на ДУИ го блокираа повторно „Законот за бранители“

ВРЕДИ и колацијата на ДУИ го блокираа повторно „Законот за бранители“

НОВ СЛУЧАЈ: Девојче почина на Детската клиника

НОВ СЛУЧАЈ: Девојче почина на Детската клиника

Уставен суд ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за пасошите со „Северна“

Уставен суд ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за пасошите со „Северна“

Отворена постапка за одговорност за судијата кој му додели домашен притвор на бегалецот од ОВК - Блерим Рамадани

Отворена постапка за одговорност за судијата кој му додели домашен притвор на бегалецот од ОВК - Блерим Рамадани

Инспекција: Затворени две приватни образовни институции за давање дипломи

Инспекција: Затворени две приватни образовни институции за давање дипломи