19 Декември, 2025
0.1387

Езерото се повлекува, но Преспа ова лето доживеа туристички бум

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Септември, 2020 07:09

Добивај вести на Viber

Иако Преспанското езеро се повлекува сепак оваа летна сезона имаше многу гости во Преспа.

За тоа сведочат бројките за наплатена туристичка такса во Општина Ресен. Според таксата, во Преспа летувале 4.538 домашни туристи, но се смета дека реално бројката е повисока, од причина што не секогаш може да се наплати буквално секое ноќевање. Реализирани се 13.615 ноќевања. Од локалната самоуправа велат дека се задоволни од овие бројки, но се надеваат дека овој тренд ќе продолжи и наредните години.

„Во овој регион се и двата национални парка, Галичица и Пелистер, така што и тоа придонесува да има гости, затоа што има луѓе кои уживаат во природата“, велат од Општина Ресен.

Поради пандемијата на коронавирусот, ова лето граѓаните не можеа да патуваат во Грција, која традиционално беше дестинација број еден за македонските туристи.

Во Преспа 45 физички лица издаваат соби за туристи, а има и неколку хотели на брегот на езерото.

„Од оваа година нудам сместување, и можам да кажам дека годината беше добра. Доаѓаа домашни туристи кои веќе биле и добро го знаат местото. Ако езерото не го снема бидејќи се повлекува и ако продолжи трендот со пандемијата,  можно е и следната година да има гости“, рече Александар Димов, кој издава соби во Стење.

Дел од издавачите исплашени од коронавирусот, ова лето не ги издавале собите.

„Имам големо семејство, имаме мали деца и оваа сезона не издавав, но од она што го следам имаше повеќе туристи од лани“, раскажува Љубица Јовановска од Асамати.

Румјана Георгиевска, издавач од село Претор вели дека оваа година имало доста туристи, но повеќето биле на поминување, односно кај нив допатувале од Охрид, Струга или Дојран.

„Туристите летово правеа комбинации, не беа само на едно место, туку доаѓаа од другите туристички центри, и остануваа по 2-3 ноќи. Ние издаваме 8 соби, но сместувачки капацитети нема доволно во овој регион. Оваа година поради вирусот работевме, но со страв“, додава таа.

Вели дека за да напредува туризмот во Преспа, треба уште многу напор и вложувања од државата. Многу од издавачите потенцираат дека мора да се работи на средување на плажите.

Деновиве екологисти и туристи објавуваат фотографии од езерото кое драстично се повлекува што може да доведе до негово пресушување.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината