16 Декември, 2025
0.4892

Фајненшл Тајмс: Прерано е Македонија да се радува на почеток на преговорите со ЕУ

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 19:06

Добивај вести на Viber

Колумна на Тони Барбер во Фајненшл тајмс зборува за таканаречениот „македонски синдром“, термин спомнат во документ на ЦИА од 1971 година, каде на 12 страни се опишува еден од најнерешливите историски спорови во југоисточна Европа. Според весникот и по 50 години од тогаш идентитетските прашања на Македонците останале отворени.

„Документот на ЦИА од 1971 година вели: „Софија тврди дека сите Македонци се навистина етнички Бугари отсечени од татковината“, пишува Барбер според кого прерано е Македонија да се радува на почеток на преговорите со ЕУ. 

Колумната ја критикува и Европската Унија која со прифаќањето на условите на Бугарија создала опасен преседан и веќе не е непристрасен медијатор помеѓу двете страни. Ваквиот преседан може да биде употребен и во споровите меѓу други земји на Западен Балкан, се вели во написот.

„Во суштина, тие ја покануваат Северна Македонија да се приклучи, но велат дека тоа нема да се случи освен ако не исполни сет ригорозни барања поставени од Бугарија, нејзиниот сосед. Тие се однесуваат првенствено на јазикот, националниот идентитет и историјата. На кој било чекор од преговорите за влез, Бугарија има моќ да ги запре или одложи со изјавување дека Северна Македонија ги избегнува своите обврски“, вели Барбер.

Весникот го наведува и нефер односот на Унијата во врска со барањето на Софија за признавањето на Бугарите во македонскиот  Устав, посочувајки дека  нема реципроцитет за македонското малцинство во Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“