18 Декември, 2025
0.3491

ФАКТОР АНАЛИЗА: Две компании доминантни во Струга

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2024 11:54

Добивај вести на Viber

„Магна Мирорс“ од Мислешево за само една полна година работење со својата прва фабрика изби на првото место по остварена добивка меѓу компаниите од Струга во 2023.

„Магна интернационал“ е технолошки напредна компанија од Канада со глобално седиште во Онтарио, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти. Треба да се каже дека во текот на претходните години странскиот инвеститор беше субвенциониран од Владата со неколку милиони евра.

Неверојатен скок во добивката има градежната компанија АД Илинден, кој во изминатите години, покрај останатите јавни набавки, доби неколку клучни тендери од Јавното претпријатие „Државни патишта“ за изградба на делница од регионалниот пат Кичево - Дебар која уште е во изградба, како и за одржување на патиштата.

Во одборот, меѓу останатите, управуваат Климентина Мартиноска, Ирена Трајкоска и Кристина Трајкоска Костеска, инаку сопственички и на охридската градежна фирма Илинден Инжинеринг. 

На третото место е „Миском“ за производство на амбалажа од хартија и картон. Компанијата има и портфолио на акции во други друштва. Компанијата е на Монализа Мучева. Има 49 вработени во струшката индустриска зона и кредитна задолженост од над милион евра.

„Набизи“ има посебен комплекс за тргување со метална стока, а сопственици се Камбер и Насуф Бизати. Прометот во 2023 бил над 22 милиони евра, слично како и во претходните години.

Малопродажниот трговец „Гега“ е последен во Струга. Сопственик е Лавдрим Гега, кој бил одговорен за 27 вработени. А.К.



Извор: Централен регистар


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје