СТРУШКА КОМПАНИЈА Е ДОБИТНИК НА ГОДИНАТА: Доби државен тендер вреден над 23 милиони евра
Објавено во: Економија 19 Октомври, 2021 07:28
Струшката компанија Илинден е добитникот на годината.
Од државата доби тендер вреден над 23 милиони евра, најголем што некогаш го добила во земјава и покрај тоа што во јавните набавки низ годините веќе имала свои договори. Имено Јавното претпријатие за државни патишта објави дека склучила договор со Трговското друштво за градежништво производство, трговија и услуги Илинден АД Струга за Изградба на регионалниот пат Р2246 на делницата од Извор до Гарски мост. Вреден е 23,7 милиони евра, а е во траење од 48 месеци и е објавен на 14 октомври годинава откако бил склучен на 8 октомври.
Анализа на договорите со оваа компанија покажуваат дека само два дена претходно Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје објавило дека склучило договор со Илинден АД вреден речиси шест милиони евра за набавка на работи – изведување на патиша од инвестиционо одржување во времетраење од две години. Инаку овој договор бил склучен во април годинава. Тоа е трет најголем тендер за оваа фирма од 2008 година наваму, додека изградбата на регионалниот пат од Извор до Гарски мост е апсолутно највердната набавка. Втор најголем тендер со струшки Илинден од 2008 година наваму е склучен лани во април. Вредна е 8,5 милиони евра и повторно ја склучило Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје.
Инаку оваа фирма се провлекува низ државните тендери и претходно но најмногу во псоледните три години. Сепак претходно повеќе била ангажирана од општините Охрид и Струга.
Со Јавното претпријатие за државни патишта сега директорува Ејуп Рустеми, поранешниот директор на Македонски пошти.
А.Т.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра
Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати





