15 Јануари, 2025
0.0356

„Фактор анализа“: Кои се најголемите десет извозници кои во земјава донесоа 667 милиони евра!

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Големите македонски компании (без разлика дали се поседувани од домашни или странски акционери) се секогаш на економскиот браник на татковината со своите дела. Најголемиот товар за нашата економска реалност и перспектива во голема мерка е на плеќите на нашите извозно ориентирани компании. Охрабрувачки се вестите дека за периодот јули-септември извозот на најголемите комапнии (чии податоци се јавни и објавени на Македонската берза за хартии од вредност) пораснал за 240 милиони евра!!! Колку и да е тешка состојбата и неизвесна претстојната зима, нашите извозни компании се нашето светло за излез од тунелот наречен економска неизвесност!

Најголемите извозно ориентирани компании чии акции се котирани на нашата берза ги објавија финансиските резултати за до крајот на септември годинава. Резултатите се повеќе од охрабрувачки за нашата економија во овие исклучително тешки и неизвесни услови кога вртоглавиот раст на цени на енергенсите создава „ново нормално“.

Анализата на „Фактор“ покажува дека најголемите десет извозници чии акции котираат на берза и за кои имаме официјални податоци за девет месеци направиле девизен прилив од 667 милиони евра. Тоа значи дека нивниот извоз во последните три месеци (во споредба со извозот на најголемите 10 компании извознички чии акции коритаат на берзата) пораснал за 56 отсто што е голем резултат на нашата економија.

ОКТА е убедливо најголем извозник на овие девет месеци со реализација од 200 милиони евра. Втора на листата е македонската фармацевтска гордост „Алкалоид“ со 122,6 милиони евра (консолидиран извештај н.з.), кој е за нијанса пред челичниот гигант „Макстил“ со 121,4 милиони евра.

Р.Ф.

foto freepik.com/roman-

Можеби ќе ве интересира

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?