15 Април, 2021
0.0202

Фактор дознава: Македонија денеска ја издава новата еврообврзница

Објавено во: Финансии 03 Март, 2021

Македонија ја издава новата еврообврзница, дознава Фактор.

Процесот почнал вчера со две таканаречени видео презентации на кои учествувале високи претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Позајмуваме 700 милиони евра а каматата уште не е објавена. Денеска на пазарот до овој момент понудата за макеоднската еврообврзница изнесува 1,6 милијарди евра. 

Владата претходно во Службен весник објави дека максималниот износ на еврообврзницата е 700 милиони евра.

Еврообврзниците се издаваат за буџетска поддршка во 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Северна Македонија. 

Рокот на доспевање на еврообврзниците ќе биде 7 години, во зависност од пазарните услови и од интересите и побарувањата на инвеститорите. Главницата на еврообврзниците достасува на денот на доспевање означен во условите за еврообврзниците.

Регистарот на сопственици на еврообврзниците се води во согласност со Договорот за фискален и платежен агент, склучен помеѓу Министерството за финансии и Ситибанк, Н.А., филијала во Лондон (Citibank, N.A., London Branch). 

Министерството за финансии ги плаќа главницата и каматата на еврообврзниците преку својот фискален и платежен агент, Ситибанк, Н.А., филијала во Лондон (Citibank, N.A., London Branch). 

Еврообврзниците ќе котираат и со нив ќе се тргува на Лондонската берза за хартии од вредност (London Stock Exchange). Во јули за отплата достасува евробрзницата издадена во 2014 година. Македонија треба да врати 500 милиони евра. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ШТЕДАЧИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД - досега се исплатени 68 милиони евра

ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ШТЕДАЧИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД - досега се исплатени 68 милиони евра

ГЛИГОРОВА ОД НБМ ЗА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА БАНКИТЕ: Не му наштетија на банкарскиот систем и на депозитите, тие се во раст

ГЛИГОРОВА ОД НБМ ЗА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА БАНКИТЕ: Не му наштетија на банкарскиот систем и на депозитите, тие се во раст

НОВ ЗАЕМ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за Развојната банка за евтини кредити за фирмите

НОВ ЗАЕМ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за Развојната банка за евтини кредити за фирмите

Генерали инвестментс: Берзите се туркаат на повисоко ниво поради плимата на ликвидност

Генерали инвестментс: Берзите се туркаат на повисоко ниво поради плимата на ликвидност

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра