05 Декември, 2025
0.4764

ФАКТОР ДОЗНАВА: ПРОМЕНИ ВО УПРАВНИТЕ ОДБОРИ НА ДВЕ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАНКИ ВО ЗЕМЈАВА

Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2024 14:13

Добивај вести на Viber

Ќе се менува Статутот на најстарата и една од најголемите банки во земјава, Стопанска банка Скопје.

Наместо четворица, Управниот одбор на оваа банка ќе брои седум членови.

Тоа е одлука која била усвоена на акционерското Собрание кое се одржа во петокот минатата недела, а која банката ја објави за инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Всушност, акционерите усвоиле статутарна одлука за изменување на Статутот на Стопанска банка Скопје, според која се менува членот 43, и отсега па натаму тој ќе гласи дека „Управниот одбор на Стопанска банка Скопје се состои од седум члена и тоа првиот е генерален извршен директор на банката и претседател на Управниот одбор, како и шест генерални директори, односно генерален директор за корпоративно банкарство, генерален директор за управување со ризици, генерален директор за банкарство на мало, генералкен директор за финансии, генерален директор за оперативни работи и генерален директор за трансформација и стратегија“.

Натаму, како што се вели во документот, членовите на УО се именуваат со одлука на Надзорниот одбвор на СБ со мандат од четири години и со право на реизбор. Со одлуката за именување членови на УО, членот именуван за генерален извршен директор се именува и за претседател на Управниот одбор.

„Секој од членовите на УО е законски застапник на СБ и СБ во било кое време ја застапуваат двајца членови на УО, од кои еден задолжително треба да биде Генералниот извршен директор, односно претседателот на УО. Во случај на негово отсуство, тој може да го пренесе ова право само на друг член на УО“, се вели вио членот 43 од Статутот кој е предмет на промената.

Генералниот извршен директор и претседател на УО ја претставува СБ пред трети лица и јавноста. Начинот на претставување на СБ подетално ќе биде утврден со деловникот на Управниот одбор.

Се менува и членот 50 кој сега ќе гласи дека лица со посебни права и подговорности во СБ се членови на Надзоребн одбор, членови на Управен одбор, Одбор за управување со ризици и Одбор за ревизија, а ќе има и работници со посебни права и одговорности.

Инаку, во своето Образложение зошто се прави ваква Статутарна промена, од Стопанска банка објаснуваат дека постојниот Статут на банката е донесен во 2001 година, а оттогаш е менуван повеќе пати во законски предвидена постапка и е одобрен од гувернерот на НБМ.

„Предложените измени во оваа статутарна одлука се однесуваат на измените во член 43 кои се однесуваат на големината и составот на Упреавниот подбор. Големината на УО како и на другите органи на банката е утврдена со Законот за банки. Во таа насока, во рамките на Законот, се предлага постоечката големина и состав на УО да се зголеми од четири на седум членови. Составот на одборот, односно воведувањето на генерален директор за финансии, генерален директор за оперативни работи и генерален директор за трансформација и стратегија е со цел дополнителнбо да се зајакне финансиската експертиза, подобро да се насочи поделбата на должностите на највисоко ниво и да се воведат нови позиции, поради брзиот развој на деловната околина. . Генерално, вклучувањето на горенаведените генерални директори во УО има за цел да го зајакне управувањето, да ја подобри ефективноста на одборот, да ја големи севкупната ефикасност на одлучувањето и ефективноста во создавањето на одржлив раст и вредност за банката и сите засегнати страни“, се вели меѓу другото во образложението од банката за оваа статутарна промена.

Нашите сознанија, пак, говорат дека овие промени во оваа наша најстара и една од најголемите банки во земјава, би можела да предизвика промени и во Управниот одбор на една друга голема банка во земјава, но засега тие информации се во зоната на шпекулациите и не се официјално објавени од двете банкарски институции.

Како што е познато, банките се најпрофитабилни акционерски друштва во земјава.

Трите најголеми банки, пак, за минатата година прокнижија профити од по над 50 милиони евра. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката