25 Ноември, 2024
0.0303

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија две години од Договорот од Преспа, и денес рекорд на новозаразени од Ковид -19

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

ПОМИНАА ДВЕ ГОДИНИ ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, од денешна перспектива, по повод две години од потпишувањето на Преспанскиот договор, смета дека изминатиот период покажал дека се исплателе сите напори и предизвици пред и по постигнувањето на оваа спогодба.

„Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – ВРЕДЕШЕ! Вредеше затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните. Македонската иднина е обезбедена, а границите засекогаш сигурни.

Вредеше затоа што Преспанскиот договор нѐ донесе чекор поблизу до Европската Унија и конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција. По 15 години чекање почнуваме преговори за членство. НАТО и ЕУ се наша силна поддршка за развој, но и за соочување со предизвиците и опасностите како што е коронавирусот. Изминатиот период добивме голема помош и поддршка од нив“, вели Заев на својот профил на Фејсбук.

Поранешниот премиер смета дека Договорот од Преспа ја подобрил политиката со соседите и влијаел позитивно на економскиот развој на земјата.

Докажавме дека во балканската историја не се потребни победници и губитници, пишува на Фејсбук екс грчкиот премиер, Алексис Ципрас на две години од Договорот од Преспа. 

„Грција се најде на вистинската страна на историјата. Дури и оние кои се бореа против Договорот го докажуваат тоа во пракса, оние кои зборуваа за „предавство′′ и „национално повлекување". Оние кои одеа рамо до рамо со националистите,
тие се истите кои денес говорат со најубави зборови за односите на земјата со Северна Македонија и улогата на земјата во ревитализација на европската перспектива на Западен Балкан, во најтешко време“, пишува Ципрас. 

Историјата ги почести оние кои ја пишуваат. Не оние што се влечат зад неа, додава тој. 

НОВ РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Во последните 24 часа забележан е нов рекорд во Македонија на нови позитивни случаи на Ковид-10 со 193 заболени од 1391 тестирање, од кои 140 само во Скопје, а евидентирани се и девет починати. По Скопје, следуваат 19 позитивни во Тетово, во Охрид 11, а во Штип 6. Се зголемува и бројот на оздравени и тој е 46 во меѓувреме.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.

За дексаметазонот, директорката на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ вели дека го користела и дека имал позитивни ефекти. 

Таа рече дека се следат препораките од целиот свет во однос на лекувањето. 

Вели дека она што беше напишано и се појави во медиумите, е сумирано од искуство на голем број пациенти. 

Светската здравствена организација ќе ги обнови упаствата кои ќе се однесуваат за третман на пациентите болни од корона вирусот со тешка клиничка слика, за да ги утврдат сознанијата и резултатите од големата клиничка студија која покажа дека дексаметазонот може да ја намали смртноста кај оние кои се лекуваат, а се во животозагрожувачка состојба. 

ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

Љубчо Георгиевски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го честиташе 30-тиот роденден на најголемата опозициска партија во Македонија со коментар на Фејсбук дека поранешниот премиер Никола Груевски, кој како осуденик на двегодишна казна затвор пребега во Будимпешта, како што вели тој, ја претворил од антијугословенска во нај југословенска.

„Среќен роденден! Пред 30 години на денешен ден заедно со Борис Змејковски и сите оние кои беа во салата ја формирав ВМРО-ДПМНЕ. Беа веке формирани 17 партии сите со концепт за спасување на Југославија.Во основачкиот говор прв пат од Македонија кажав дека Југославија треба да се распадне и треба да имаме своја војска,пари,пасоши,фудбалска репрезентација. Концептот што го поставив тогаш беше радикално антијугословенски,борба за демократија и борба против фалсификатите на историјата. За жал подоцна ВМРО-Дпмне се претвори во нај југословенската, најнедемократската и најфалсификаторската партија во Македонија. Вториот претседател ја направи партија со киднапирана идеологија. Денес многу грагани самостојна Македонија ја доживуваат како нешто од секогаш дадено“, пишува Георгиевски во поголемиот дел од својот статус на Фејсбук.

Георгиевски во меѓувреме ја формираше ВМРО-НП, подоцна влезе во коалиција со СДСМ и често го критикува раководењето со ВМРО-ДПМНЕ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонците имаат за неколку години пократок работен век од граѓаните на Европската Унија, но и од оние во регионот.

Собранието на акционери на компанијата „Макстил“ што треба да се одржи за околу еден месец, ќе биде прилично интересно за инвеститорската јавност. 

Грчкото државно електростопанство преку својата подружница ЕДС како доминантен играч продаде најмногу струја до крајните потрошувачи во 2019, годината во која за прв пат започна да функционира целосно либерализираниот пазар на електрична енергија во Македонија.

Може ли Македонија да конкурира и да биде атрактивна дестинација на светски познати компании во следниот период. 

Бројни реакции и незадоволство испливаа во јавноста од дел од невладиниот сектор, по владината одлука да додели 500 илјади евра за 40 проекти на граѓански здруженија и фондации.

Владата ги усвои протоколите за работа на базените за пливачките клубови, кој утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор