20 Мај, 2024
0.0296

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев побара, а Собранието изгласа доверба на Влада

Објавено во: Македонија 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСА ДОВЕРБА НА ВЛАДА

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против и без воздржани, Собранието денеска изгласа доверба на Владата. 

Премиерот Зоран Заев  денеска во Собранието изјави дека тој е прв премиер кој бара доверба на Владата. 

Вели дека тоа е храброст и одговорност, но и решителност, грижа за граѓаните и стопанството.  Заев рече дека 6 месеци како ја добил честа да ја води Владата, а опозицијата тврди дека истата ќе ја срушат. 

„Граѓаните на изборите на 15 јули го направија својот избор. Овој избор и гласот на граѓаните беа против блокадите“, рече тој. 

Од опозицијата сметаа дека на оваа тема требало да се дискутира три дена. 

ЈУЖНОАФРИКАНСКИ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ЗАСЕГА НЕ Е ДЕТЕКТИРАН ВО ЗЕМЈАВА

Министерството за здравство соопшти дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пациентот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и е хоспитализиран.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. 

БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ НА ДНЕВНО НИВО СКОКНА НАД 800

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 314 оздравени пациенти од:

Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

ОСМАНИ БАРА ПОПИСНА ГРАФА ЗА БУГАРИ

Претставниците на здруженијата на Бугари во Македонија да ги контактираат пописните органи и да побараат графа за да се изјаснат како сакаат на овој попис, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, а по неколкудневни реакции на бугарските официјални власти кои тврдеа дека околу 100.000 граѓани со бугарско државјанство немаат права во земјава.

„Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата, вели Османи.

Додава дека неговата објава е по реакциите за односот и правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. 

АПАСИЕВ НАЈАВИ НОВ ЗАКОН ЗА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ

Правниот тим на Левица е во завршна фаза со подготовката на предлог-законот за намалување на патните трошоци на пратениците, објави денеска лидерот на партијата Димитар Апсиев. Најавува дека тој закон месецов ќе биде пуштен во собраниска процедура.

Фактор веќе објави дека и покрај тоа што седници има малку, поради пандемијата и блокадите, патните трошоци се исплаќаат. Тие се понисики од претходно, но тоа се препишува на фактот што има недели во кои речиси и нема никаква активност.

Овде детали за тоа кој пратеник колку пари земал по оваа основа.

ЗЕМЈОТРЕСИ ВО РЕГИОНОТ

Во Лариса, соседна Грција, е почувствуван силен земјотрес, од 6,2 степени според Европсклата сеизмичка скала. Земјотресот се случил во 11.16 минути или во 12.16 по грчко време.

Хрватска беше потресена утрово во 5:37 часот од земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на седум километри од Глина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во нашава земја досега коронавирусот однесе 3.151 живот, или скоро колку што брои жители градот Пехчево. Секој ден бројот на починати од компликации на коронавирусот расте.

Постковид компликациите се нов предизвик кој допрва ќе треба да го решаваме и да се справуваме со него, зошто некои од нив се навистина сериозни и животозагрозувачки, велат за Фактор д-р. Даниела Буклиоска Илиевска, пулмолог и д-р. Тања Делева специјалист невролог во ГОБ „8 Септември“, каде во последниот период доаѓаат одреден број на пациенти кои го прележале Ковид-19, а сега имаат други тегоби.

Приходите од продажба на трите хотели на најголемата охридска хотелиерска компанија лани не стигнаа ниту до милион евра. Менаџментот успеа да скрати третина од трошоците во споредба со 2019 година и да ги донесе до ниво од 1,75 милиони евра. 

„Корона чао“ порача скопската кондиторска индустрија „Европа“ која лани во вонредни услови на стопанисување оствари раст на приходите кои надминаа 13 милиони евра при што на домашниот пазар ја подобри позицијата за 6 отсто до износ од 5,8 милиони евра во многу силна дури и нелојална конкуренција на странските компании, а на странските пазари ја задржа продажбата како претходната година и инкасира 7,2 милиони евра. Добивката лани порасна за 9 отсто до 1,43 милиони евра

Аргументот дека називите на фирмите и излозите на спортските обложувалници и автомат клубовите ги привлекуваат малолетниците и наводно им создаваат навика за „коцкање“, и токму заради тоа треба да се дислоцираат на минимум 500 метри од образовните институции, се неодржливи и немаат допирна точка со реалноста, вели Горан Стоименов, претставник на Групација Новоматик Македонија (казино „Фламинго“ хотел Гевгелија и Скопје, Адмирал Астра казино) и Апекс Македонија.

Да го одржиме балансот во услови на најголемата здравствено-економска криза со којашто се соочил светот досега беше многу тешко и бараше голем напор, но резултатите покажуваат дека сме на вистинската патека.

Македонија ја издава новата еврообврзница, дознава Фактор.

Процесот почнал вчера со две таканаречени видео презентации на кои учествувале високи претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Позајмуваме 700 милиони евра а каматата уште не е објавена. Денеска на пазарот до овој момент понудата за макеоднската еврообврзница изнесува 1,6 милијарди евра. 

Можеби ќе ве интересира

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект