ФАКТОР НА ДЕНОТ: Арсовска упати критики до Мицкоски, бара оставка од него
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022 21:05
АРСОВСКА ВО ВОЈНА СО ВМРО-ДПМНЕ
Советниче кога лажете и кога мавтате со докуметни, ви се тресе рачето ви се мења гласот, смалете доживлјај. Кај е шпицниот градоначалник, не го гледам тука, кај се крие Мицкоски, имаме одговор на ова прашање. Немаме. Го нема нигде, се крие. Во ВМРО ДПМНЕ има многу чесни, храбри, вредни луѓе, Мицкоски не е еден од нив... - со овие зборови со обрати градоначалничката на град Скопје во одговорите на прашањата на советниците на денешната седница за советнички прашања во Собранието на Град Скопје.
Тогаш беше прекината од претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој посочи дека не треба да се споменуваат имиња на луѓе кои не се во Собранието.АРСОВСКА НЕМА ДА ГИ ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРИТЕ НА 100 ВРАБОТЕНИ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
Околу 100 вработени во ЈП Водовод и канализација - Скопје од утре ќе останат без работа, затоа што на истиот датум им истекуваат договорите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не сака да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре, пренесува Курир.
Ваквата одлука на Арсовска, доаѓа откако таа го разреши директорот на комуналното претпријатие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински.ЛЕВИЦА ЌЕ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФЕРЕНДУМ
Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум за Договорот против Бугарија.
Пратеникот Борислав Крмов ова денеска го соопшти на прес- конференција во Собранието. Највисоките органи на партијата вчера дискутирале за оваа тема, но не прецизирале како ќе гласи референдумското прашање. Рече дека ако собранискиот претседател Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ најавуваат целосна блокада на Собранието.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




