ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бубевски потврди дека доказите се во иста насока со исказите на осомничените за убиствата на Вања и Панче
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2023
БУБЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОКАЗИТЕ ГО ПОТВРДУВААТ ОНА ШТО ГО ТВРДАТ ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО
Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.
- Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.
Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.САМО 26 ОТСТО ОД ЕВРОПЕЈЦИТЕ САКААТ МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ
Европејците се отворени за пристапување на Украина во ЕУ, покажува истражувањето пред клучниот самит во Брисел кој почнува од утре.
Анкетите, како што објави британски Гардијан, откриваат ладен став кон пристапувањето на Грузија и некои држави од Западен Балкан, како противење на приемот на Турција.
Европејците се генерално отворени за идејата Украина да се приклучи на ЕУ, и покрај трошоците и ризиците, но во најдобар случај се млаки во врска со потенцијалното проширување на блокот што би ја вклучило и Грузија и земјите од Западен Балкан, се наведува во истражувањето.Eвропската Унија(ЕУ) препорача 40 мерки за реформа на Судскиот совет.
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРАА
Пензионери од повеќе градови од Македонија денеска пред Собранието во Скопје излегоа на протест поради, како што велат, незадоволство од антикризните мерки.
Пензионерот Орце Давитков, кој е член на Иницијативниот одбор, при Здружение на пензионери „За достоинствен живот“ од Кочани, во изјава за медиуми рече дека нивните барања се, по пет илјади денари линеарно зголемување на сите пензии и 18 илјади денари минимална пензија.
Исто така бараат жените над 62 и мажите над 64 години да не плаќаат ништо во здравството, да бидат ослободени од партиципација, за, како што нагласи, последните денови од животот да ги поминат достоинствено.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.