26 Ноември, 2024
0.1868

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес 83 нови инфицирани, реакции има од угостителите

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА ИМА 83 НОВИ ЗАРАЗЕНИ

Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Бројот на позитивни од вкупниот број тестирани изнесува дури 15,3 проценти. Од новозаболените во Скопје се 34, Куманово 3, Штип 6, Тетово 5, Струга 3, Велес 3, Охрид 1, Гевгелија 1, Струмица 5, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Берово 1, Валандово 5, Виница 1. Делчево 4

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје кои имале 66, 88 и 62 години и еден од Тетово  кој имал 73 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

РЕАКЦИИ ОД УГОСТИТЕЛИТЕ ЗА МЕРКИТЕ

Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но, што ако КОВИД-бројките и натаму растат, прашуваат од Независна угостителска комора, откако вчера Владата усвои нови рестриктивни мерки за угостителските објекти. Оттаму велат дека новите ограничувања нема да го решат зголемениот број на заболени, туку ќе ги поттикнат младите и гостите на угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила без никаква контрола и никакви механизми за заштита и превенција на личното и јавното здравје.

„Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но, што ако КОВИД-бројките и натаму растат? Дали Филипче и Караџовски ќе имаат доблест и смелост да им се извинат на угостителите, да ја надоместат штетата и јавно да се признаат дека угостителските објекти не се причина за зараза туку оправдание за избегнување на одговорноста на погрешните мерки и генерални препораки за спречување на ширењето на коронавирусот, наведува претседателот на Комората, Здравко Јосифовски во дописот до медиумите.

Тој дури тврди дека се носат рестрикции без никаква дебата или консултација со угостителите, естрадните уметници или коморите и здруженијата.

Зачудени сме од нападите и квалификациите кон Комисијата за заразни болести од страна на Независната угостителска комора со оглед на тоа што Комисијата во изготвување на сите протоколи досега активно комуницираше со сите чинители, вклучително и со угостителите.

БУГАРСКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ ПРОТИВ МЕМОРАНДУМОТ НА СОФИЈА

Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ, пренесува МИА.

Во писмото „Европа не нè разбира", што го пренесува „mediapool.bg", тие инсистираат на „фундаментална промена на парадигмата во историското размислување" и пишуваат дека не се согласуваат „Македонија да се претстави само како земја што нe се справува со сопственото минато". Според нив, Софија демонстрира застарени сфаќања и изнесува неодржливи и наивни тврдења против Македонија.

Потписниците на заедничкото писмо сметаат дека меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Точно 8,4 проценти од БДП ќе изнесува буџетскиот дефицит со вториот ребаланс на буџетот годинава чиј предлог Владата го усвои синоќа на попладневната седница.

Ако некои од граѓаните можеби заборавиле дека од месецов треба да продолжат редовно да си ги отплаќаат своите кредитни рати кон банките, тие веднаш ги потсетија дека раздолжувањето мора да продолжи.

Новите рестриктивни мерки ќе дададт резултати смета микробиологот, д-р Никола Пановски во разговор за Фактор, напоменувајќи дека навистина сите мора да ги почитуваат ако не сакаме да доживееме национална катастрофа.

Охрид годинава беше главно прибежиште на македонските туристи. Во услови на пандемија со КОВИД-19, првиот човек на Бисерот на Балканот, смета дека општината ги презела сите неппходни мерки за безбедно одвивање на туристичката сезона. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили