ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес рекорд на заразени, а надлежните нема да казнуваат за повеќе од 4 гости
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Октомври, 2020
НОВ РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-422, Куманово-28, Дебар-10, Штип-25, Прилеп-28, Тетово-64, Струга-10, Велес-38, Битола-29, Охрид-26, Кавадарци-9, Гостивар-23, Гевгелија-13, Струмица-55, Крива Паланка-5, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-20, Ресен-7, Неготино-8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти од: Скопје-142, Куманово-14, Штип-8, Прилеп-9, Тетово-21, Струга-2, Велес-2, Битола-9, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-26, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-3, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-8, Ресен-4, Неготино-5.
Починати се 14 лица, тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови.НЕМА ДА СЕ ПРОВЕРУВА И КАЗНУВА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 4 ГОСТИ
Нема да се врши контрола во домовите и да се казнува ако имате повеќе од 4 гости.
Пратениците од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче го повлекоа предлогот кој предвидуваше контрола во домовите на граѓаните и казни доколку има повеќе од 4 гости.
Останува мерката за задолжителното носење на маска на отворено, а од неа поштедени се следните лица:
- Лица кои активно спортуваат
- Деца под 6 години
- Доколку се возите сам во автомобил или со свето семејства
РАШКОВСКИ ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ
Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е позитивен на коронавирусот и е примен на лекување на Инфективната клиника во Скопје.
Информацијата ја потврдиле од Министерството за здравство, објави Телма. Тој учествувал на вчерашната он лајн седница на Владата.
Завршени се епидемиолошките анкети на министерот за внатрешни Оливер Спасовски и само еден член од семејството ќе оди во самоизолација.НАГРАДА ЗА ЛЕКАРИТЕ КОИ СЕ БОРАТ СО КОВИД
Владата ќе издвои 54 милиони денари (над 870 илјади евра) за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот, со ребаланост на буџетот кој вчера беше дополнет. Парите, како што соопштија од Владата ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.
„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи, стои во соопштението од Министерството за здравство.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Новиот заменик министер за внатрешни работи Назим Буши е меѓу побогатите заменици кои ги именуваше Владата.
Тој има семејна куќа во Скопје вредна дури три милиони евра, иако за воља на встината, во неговиот анкетен лист пишува дека е имот на неговите родители.Владата намали ги царинските стапки за увоз на компоненти за производство на технолошко напредни производи.
Станува збор за 33 царински стапки, а ова барање извозните компании го потенцираа долго време.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.