19 Декември, 2025
0.3961

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска направен увид во глобал, идниот месец стигнуваат над 5.800 вакцини

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Јануари, 2021 20:05

Добивај вести на Viber

ДУРИ ДЕНЕСКА ИЗВРШЕН УВИД ВО ГЛОБАЛ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10.00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар. 

Ова го соопшти Јавното обвинителство на земјава.

„Неопходни услови за вршење на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на вчерашниот ден. Надлежен јавен обвинител увидот го врши во координација со увидна екипа од крим техника МВР и СВР Струмица, а обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви  и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар. Воедно, повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално финансиско работење со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител издаде наредби за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи – ресивери од видео камерите поставени во трговскиот центар.

ИДНИОТ МЕСЕЦ СТИГНУВААТ ВАКЦИНИТЕ НА ФАЈЗЕР

Министерот за здравство, Венко Филипче објави колку точно дози од вакцината на Фајзер ќе пристигаат во текот на наредните месеци. Во објавата на Фејсбук посочува дека првите 5.850 ќе пристигнат во февруари.

Претходно Министерството за здравство соопшти дека договорот со Фајзер е дефиниран утринава, кога телефонски меѓу Филипче и претставник од Фајзер е договорено во Македонија да пристигнат 800.000 дози од оваа вакцина.

ДЕНЕСКА ИМА 20 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-72, Куманово-4,  Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603  оздравени пациенти од: Скопје-230, Куманово-24, Дебар-5,  Штип-18, Прилеп-51,  Тетово-8,  Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-11, Струмица-8, Радовиш-8, Кочани-10, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-7, Берово-4, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-20.

Починати се 20 лица, четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.

ПОЛИЦИЈАТА И НАТАМУ ЌЕ „ЛОВИ“ ГРУПИРАЊЕ

Телефонскиот број на кој можете да пријавите групирање се уште е во функција, потсетува МВР.

„Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

Имено, граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата“, се вели во соопштението од министерството.

ЌЕ СЕ ПОПИШУВААТ РЕЗИДЕНТИ, НЕРЕЗИДЕНТИ И ВКУПНОТО НАСЕЛЕНИЕ

Тој што е иселен повеќе од една година се смета дека не е резидент и на пописот ќе пишува дека е иселен повеќе од една година, тој дел е јасно решен и за сите етнички заедници, рече денеска премиерот Зоран Заев на отворањето на новите просториии на Министерството за политички систем.

- Резидент е тој што е иселен помалку од една година. На пописот ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. Еве да ја земеме за пример бошњачката заедница. За една година 20 посто од нив може да бидат надвор од земјата, но може да бидат и дома, рече Заев.

Премиерот вели дека власта е подготвена да прифати донација од 5.000 апарати за фингерпринт и тоа да се вгради во законот за попис, но вели дека отисок од прст не невозможно да се зема од децата и од граѓаните кои не се во земјата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Домашната градежна компанија Адора инженеринг го „сели“ бизнисот надвор од Македонија. Првиот човек Ванчо Чифлиганец за Фактор вели дека сега се фокусирани на градење во странство, моментно во Србија и во Грција, а имале планови да градат и во други земји.

Митко Јанчев е градоначалник на Кавадарци. За Фактор вели дека многу од желбите кои си ги посакавме за 2020 година не се исполнија, напротив, се соочивме со многу несреќни моменти, и речиси секој од нас изгуби некој свој близок или познаник.

Уготур го зголемува капиталот во Макошпед, а ИГМ Трејд на Илија Гечев продава удели во компанијата. Друштвото денеска извести дека Уготур АД сега поседува вкупно 18,9 отсто, а дека компанијата Игм Трејд Илија и др. ДОО го намалила своето учество и вкупно поседува 12,93 проценти од основната главнина на друштвото.

Антипаразитскиот медикамент Ивермектин се очекува во текот на оваа недела да се најде во македонските аптеки и болници, што според многумина експерти е нова надеж во лекувањето на болните од корона вирусот, се до пристигнувањето на вакцината.

Вилма Учета Дузлевска e Генерален директор на Триглав осигурување Живот.Вели дека зад нас оставаме година која со секој изминат ден не потсетуваше дека човештвото не е семоќно, а ние, луѓето, колку и да живееме во време на технолошки чуда, има нешто што е посилно од нас. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот