ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ја испраќаме 2020 година, во светот некаде огномети, а некаде празни улици
Објавено во: Македонија 31 Декември, 2020
ДЕЛ ОД ЗЕМЈИТЕ ВЕЌЕ ЈА ДОЧЕКАА 2021
Новата година веќе пристигна на Нов Зеланд, Австралија, Самоа и Кирибати.
Само во Нов Зеланд каде граѓните уживаа во спектакуларниот огномет бидејќи земјата се справи со коронавирусот, па луѓето се поопшуштени и имаат дозвола од властите да се групираат. Огномет имаше и во Сиднеј.
Од денеска со највисоко ниво на рестрикции ќе биде дел од Англија. Со полициски час, Новата година ќе биде дочекана во Франција. Карантин до 7 јануари и полицискиот час од 22 часот вечерва има и во Италија.
Новата година пристигна и во Јапонија, а покрај традиционалните огномет, се гледат и празните улици на Токио. Апел за да не се излегува од дома испратија и германските власти.ДЕНЕС НАД 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-213, Куманово-18, Дебар-13, Штип-13, Прилеп-37, Тетово-30, Струга-23, Велес-17, Битола-29, Охрид-18, Кавадарци-23, Гостивар-13, Гевгелија-7, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-6, Кичево-2, Ресен-5, Неготино-11.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 741 оздравени пациенти од: Скопје-248, Куманово-83, Дебар-7, Штип-28, Прилеп-50, Тетово-30, Струга-32, Велес-17, Битола-25, Охрид-30, Кавадарци-41, Гостивар-27, Гевгелија-12, Струмица-20, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-24, Пробиштип-1,Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Валандово-7, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-17, Ресен-4 и Неготино-7.
Починати се 15 лица, шест пациенти од Скопје (73, 40, 70, 84, 72 и 62г), двајца од Куманово (66 и 64г), двајца од Тетово (68 и 75г), еден пациент од Охрид (64г), двајца од Струмица (69 и 69г), еден од Кочани (68г) и еден пациент од Пехчево (67г). Пациентите се починати во болнички услови.ВЕЛО МАРКОВСКИ ОБВИНЕТ ЗА ТРГУВАЊЕ СО АРТЕФАКТИ
Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против осум лица за илегални археолошки истражувања за стекнување на личен профит, а еден од нив, дознава СДК, е инфектологот Вело Марковски.
Докторот во септември беше избран за член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според Обвинителството, станува збор за повеќемесечна истрага. Групата покрај ископувањето и продажбата, недозволиво се користела с сонди и детектори за пребарување.
„Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство“, соопшти ОЈО.
Иницијатори на групата биле Р. П, А. Б. и Ж. Р., а потоа на истата и се придружиле Вело Марковски и уште 4 лица. Домот на Марковски бил едно од местата каде што се криеле артефактите додека да се пронајдат купувачи.НОВИ СЛАБИ ПОТРЕСИ ВО ХРВАТСКА
Немирна ноќ помина во Петриња, дури четири земјотреси го потресоа тлото во овој хрватски град од 1 часот по полночќ до утрото. Граѓаните се во паника, но сеизмолозите не очекуваат нов посилен земјотрес, по тој завчера која земјата ја стресе земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер. Градот е во рушевини, а живото го загубија седум лица.
Инаку синоќа најсилниот земјотрес беше во 4:36 часот, со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, потоа во 5:30 часот со 3,1 степени според Рихтеровата скала и во 6:25 часот исто така со 3,1 степен по Рихтер.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.