29 Јуни, 2024
0.0314

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Jанкулоска излезе на слобода, во меѓувреме се расправа за тоа дали и каква диплома имала Миликије Халими

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

ЈАНКУЛОСКА Е НА СЛОБОДА

Влатко Илиевски, сопругот и адвокат на Гордана Јанкулоска, која од денеска со условниот отпуст е на слобода по три години и месец во затвор за случајот „Тенк“, во вестите на Телевизија 24 рече дека поранешната министерка за внатрешни работи во наредниот период ќе бара професионален ангажман.

„Практично дојде дома и се врати на секојдневните обврски - да се грижи за семејството и да почне да размислува на професионален ангажман во иднина. Ќе ги почитува насоките од пробациската канцеларија и Законот за санкции, рече Илиевски за ТВ24.

ДАЛИ И КАКВА ДИПЛОМА ИМАЛА МИЛИКИЈЕ ХАЛИМИ?

Премиерот Димитар Ковачевски денес го искоментира именувањето на Миликије Халими за директор на АД Аеродроми. Според премиерот, таа има универзитетска диплома и ги исполнува критериумите

„Таа е избрана од Надзорниот одбор според критериумите на АД за аеродромски услуги, што во секој случај е мало претпријатие, и врз основа на факултетската диплома што ја приложила“, рече Ковачевски.

- Со предлог на Владата?

„Да, сепак, врз основа на високото образование што го има и високото образование што го имаат и другите функционери кои вршат делегирани функции“, рече Ковачевски.

ХАМАС СЕ ЗАКАНУВА СО НОВИ НАПАДИ КАКО ТИЕ НА 7-МИ ОКТОМВРИ

Палестинската терористичка група Хамас се заканува дека ќе изврши нови напади како тие на 7-ми октомври, за да го уништи Израел. 

Претставникот на Хамас, Гази Хамад најави дека групата ќе продолжи да го напаѓа Израел. Кажа дека она што Хамас го направи било оправдано и дека окупацијата на Израел мора да заврши. Претставникот на Хамас рече дека нема логика Израел да постои. 

ШОЈГУ НАЈАВУВА ГОЛЕМА И ЕКСПРЕСНА ПОБЕДА ЗА РУСИЈА

Руската воздушна одбрана, врз основа на искуството на својот систем, може да ги собори сите ловци Ф-16 планирани за испорака во Киев за околу 20 дена, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на тематска конференција со раководството на вооружените сили на Руска Федерација

Министерот истакна дека за еден месец руската противвоздушна одбрана соборила 37 украински авиони, повеќе од 1.400 парчиња непријателско оружје, вклучително и шест проектили АТАКМС.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Намалени оперативни приходи, а зголемена добивка. Шпедитерската компанија „Фершепд“ го објави финансискиот резултат за првите девет месеци од годинава, кој говори дека во таа временска отсечка компанијата остварила профит од 1,6 милиони евра, што е зголемување за 34 отсто во однос на истиот период лани.

Челичарската компанија „Макстил“ е всушност фирмата која платила највисок солидарен данок оваа година, односно 4,2 милиони евра.

Даниела Димовска како судија на претходна постапка и потоа судија за извршување на санкции, ја следеше состојбата и условите во затворите, па оттаму е нејзиниот активен интерес за предложениот Закон за аменстија.

Времето пред екранот е секојдневна појава во денешно време, како во животот на возрасните така и на децата. Според експертите, големата пресвртница и стремеж за екранизација се случи  во 1997 година по објавувањето на првото видео за Бебе Ајнштајн.

Стрелките на часовникот ги вративме еден час наназад. Почна зимското сметање на времето. Дел од граѓаните чувствуваат промени при преминувањето од летното на зимското сметање на времето.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори