ФАКТОР НА ДЕНОТ: Костадин Костадинов го замрзнува своето членство во СДСМ
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2025 21:59
СТРУМИЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ЗАМРЗНУВА СВОЕТО ЧЛЕНСТВО ВО СДСМ
Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да го вклучи актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, се јави и Костадинов.
На својот официјален профил, Костадинов соопшти дека од денеска го замрзнува своето членство во СДСМ, нагласувајќи дека не прифаќа да биде дел од партијата под актуелното раководство.
„Драги струмичани и струмичанки, мои пријатели, соседи, роднини, соработници, ои сограѓани со кои ги делам деновите, улиците, битките и соништата… Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега. Ова не е крај.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори. Меѓу општините за кои беа соопштени имињата се Карбинци, Сопиште, Дебарца, Демир Хисар и Струмица.
Maртин Костовски се заблагодари на лидерот на партијата, Венко Филипче за укажаната доверба да биде кандидат за градоначалник на Куманово.
ДОКАЗИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СКОПЈЕ
Со две возила и полициска придружба, материјалите за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени, се префрлаат од Основниот суд во Кочани. Претседателот на Апелациониот суд во Штип, Тони Делев, за МИА информира дека префрлањето е во тек.
„Од Основниот суд во Кочани, заедно со сите документи и докази што се приложени, ќе биде испратен до Основниот кривичен суд во Скопјe, согласно одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, и таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка, вели Делев.НЕ ЗАПИРААТ РЕАКЦИИТЕ ЗА ИЗЈАВАТА НА МАРТА КОС ЗА ИДЕНТИТЕТОТ
Илија Димовски со реакција за изјавата на еврокомесарката Марта Кос за македонскиот идентитет.
„Паметен и досетлив сарказам беше дозволена политичка комуникација во време кога низ Европа имаше проникливи и ведри луѓе за лидери.Очекувавме еврокомесарката Марта Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено во сите документи и сите договори, а тоа е дека македонскиот јазик и идентите се целосно признати од Унијата. Ова е неспорен факт, ние како граѓани на Македонија знаеме кои сме, што сме и од каде потекнуваме.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека е жално во 21 век да се оспорува идентитетот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Направена е уште една трансакција на акции на фармацевтската компанија „Реплек“, со која се засилува позицијата на семејството Пецовски во компанијата.Една од најголемите мелници во Македонија, „Кадино Индустри Груп“ влезе во стечајна постапка со долг од повеќе милиони евра главно кон српски фирми - трговци и производители на жито, добавувачи на семенски и други материјали, складиштари и транспортери.
Неумесно и невкусно. Поврзувањето на македонскиот идентитет со тавче гравче, погача, полнети пиперки и пинџур на еврокомесарката за проширување Марта Кос уште ја покажа на бриселските бирократи.
Собранието ќе потроши 19.500 евра за монтажа на серијал „Вашиот пратеник“ – емисии од по 15 минути кои ќе се снимаат во Собраниското студио, со опремата на Законодавниот дом и со превод обезбеден од Собраниските служби.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




