ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски вели дека настаните на Косово се нечија агенда, некој сака да види немири во регионот
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2023
КОВАЧЕВСКИ СМЕТА ДЕКА НАПАДОТ НА КОСОВО Е ДЕЛ ОД НЕЧИЈА АГЕНДА
Според премиерот Димитар Ковачевски, зад она што вчера се случи на Косово постои нечија агенда со цел регионот повторно да се види како подрачје на кое има кавги меѓу соседите.
Тој го осуди убиството на косовскиот полицаец.
„Сигурно е дека зад тоа што вчера се случи на Косово постои нечија агенда на луѓе кои сакаат овој регион повторно да го видат како регион на немир, регион на кавга меѓу соседите, меѓутоа за среќа има политичари како што се политичарите кај нас и во Албанија, верувам дека ги има во сите држави во регионот, кои сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ“, рече Ковачевски.УБИСТВА ЈА ПОТРЕСОА МАКЕДОНИЈА
Од Полициската станица во Кочани пред околу пет месеци добиле пријава за уцена што ја доставила 46-годишната жена која утрово е убиена.
„На 16. мај, во 11:30 часот, Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого биле во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во Надворешната кцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи – Кочани постапено е по пријавата. На 31. мај до Основното јавно обвинителство – Кочани е доставен поднесок – известување со службен материјал во прилог. Како дополнување на известувањето испратен е и службен материјал во прилог на 05. јуни 2023 година“, истакнуваат од СВР – Штип.Јавното обвинителство со детали за двојното убиство што синоќа се случи во Гевгелија.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија извршил увид на лице место.
„Според првичните информации, мотивот за двојното убиство се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа, кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа. Сторителот е лишен од слобода и во текот на денот ќе следи постапка“, се вели во соопштението од Обвинителството.ГРУЕВСКИ ПАК МУ РЕПЛИЦИРА НА МИЦКОСКИ
Не престануваат фејсбук препукувањата помеѓу актуелниот и поранешниот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски и Никола Груевски.
Овој пат се огласи Груевски со тврдење дека има соработка помеѓу партијата и поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Гости од Индија, Бразил, САД и многу други земји при посета на Кратово ги пробуваат и кратовските пастрмајки. Овој гастрономски „мамец“ го пофалиле многу добронамерници кои дошле во градот. Кратовчани со децении ја подготвуваат кратовската пастрмајлија која се разликува од штипската и велешката.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.