ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачки обвинува дека имало секс скандал во армијата, Петровска вели дека таа не води истрага
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2023 21:30
КОВАЧКИ ОБВИНУВА ДЕКА ИМАЛО СЕКСУАЛНИ МАЛТРЕТИРАЊА ВО АРМИЈАТА
Има обвинувања за секс афери во армијата. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, обвини дека највисоки офицери изнудувале сексуални услуги од своите подредени колешки во армијата.
Покрај појавата за плаќање кеш и давање мито за мисии во АРМ, тврди дека има сериозни случаи на злоупотреба на службената позиција и сексуално малтретирање на офицерки и воени лица.
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ СОБИРААТ ПРЕД АМБАСАДИТЕ БАРАЈЌИ ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ
Пензионерите решија да се соберат пред амбасадите на 7 ноември.
СКОРО 10.000 МЛАДИ ЈА НАПУШТААТ МАКЕДОНИЈА ГОДИШНО
Нискиот наталитет во Македонија, стареењето на нацијата, во комбинација со заминувањето на младите од државата, директно влијае на намалувањето на работоспособното население. Според италијанската невладина организација COSV со подружница во Прилеп, Македонија во последните години има голем одлив на млади луѓе, главно поради неусогласеноста на образованието со реалните потреби на пазарот на труд.
Овој застрашувачки негативен тренд е поразителен, сметаат од невладиниот сектор, пренесува Пословни.хр.ИРАН СЕ ЗАКАНИ ДО САД АКО ПРОДОЛЖИ ГЕНОЦИДОТ ВО ГАЗА
Иран се заканува на Соединетите Американски Држави (САД).
Велат дека тие нема да бидат поштедени од војна ако не заврши израелскиот напад врз Газа. Тврдат дека во Газа се врши геноцид.
Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахјан, го предупреди Генералното собрание на Обединетите нации дека ако нападот на Израел на Хамас не биде завршен, САД нема да бидат поштедени од војна.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП




