19 Декември, 2025
0.1162

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koвид -19 однесе десет животи, се размислува за нови рестрикции

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Јули, 2020 20:02

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА ИМА 10 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-27, Куманово-16, Прилеп-4, Тетово-4, Кавадарци-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-3, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3.

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица на возраст од 85,71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем.

На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на  возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. 

Во Филип Втори е починат пациент на 62 години.

МОЖНИ СЕ НОВИ РЕСТРИКЦИИ

Здравствените власти во наредниве денови очекуваат зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот, нагласувајќи дека сликите од преполни дискотеки, ноќни клубови, свадби се нешто што не смее во моментов да се случува. Велат дека подолго време имаме постојано трицифрен број на дневна основа, што според нив единствено се должи на непочитувањето на мерките и протоколите во време на пандемија. 

Во текот на оваа недела, како што вели за Фактор, директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов, ќе се покажат и новозаразени од изборната кампања.

ОТВОРЕН СЛУЧАЈ ЗА „КАЛИПСО“

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас против ноќниот клуб „Калипсо“ и неговиот управител поради непостапување според здравствените прописи, откако Државниот пазарен инспекторат преку социјалните мрежи утврди дека преку викендот се организирале забави со масовно присуство на гости.

„Имено, во услови на прогласена пандемија од Ковид-19, спротивно на законските прописи и пропишаните мерки за заштита, во вечерните часови на 18.07.2020 година, во правното лице – угостителски објект била организирана забава на која биле присутни поголем број посетители.

Постапувајќи во оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази“, гласи соопштението на ОЈО.

Државната пазарна инспекција во текот на изминатите 24 часа интервенираше во ноќниот клуб „Калипсо“ во Прилеп, кој важи за еден од најпознатите ноќни клубови, кој затворил кратко пред да дојдат инспекторите.

КОЈ СО КОГО РАЗМИСЛУВА ДА КОАЛИЦИРА?

Да нема политичари со тенденција општеството да го делат на ин и аут-групи, „ние“ наспроти „тие“. Ние нема да се пазариме, вели Арбен Таравари од Алијансата на Албанците во интервју за „Слободен печат“. Али Ахмети повика албанските партии да се обединат околу идејата за Албанец премиер, но Таравари ја отфрла можноста тие да влезат во таков проект. Таравари смета дека тоа што го направил Ахмети со предлогот било изборен трик, многу помалку идеја за обединување на Албанците.

Во услови кога се прават комбинаторики за идното парламентарно мнозинство и за новата влада Таравари вели дека Алијансата за Албанците се уште немала контакт со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Тој сепак тврди дека е невозможна мисија коалицирањето на ДУИ и Алијансата на Албанците.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Младиот Факундо Бохле од Буенос Аирес, Аргентина, по професија инженер за софтвери, за Фактор раскажува како го поминува времето за време на карантинот и колку очајно му недостига нормалниот тек на животот.

Здравствените власти во наредниве денови очекуваат зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот, нагласувајќи дека сликите од преполни дискотеки, ноќни клубови, свадби се нешто што не смее во моментов да се случува. 

Наскоро новите народни избраници ќе седнат во пратеничките клупи и во конститутивната седница ќе треба да создадат владејачко мнозинство кое на мандатарот ќе му ја изгласа новата влада. 

Не се запазува одредената пополнетост на автобусите, ниту некој носи маска, а нема ни предупредувања и казнувања за непочитувачите.

Генерално не се бизнис – ориентирани актуелните градоначалници на македонските општини. 

Ова е заклучок до кој се доаѓа која ќе се мечуваат анкетните листови на градоначалниците во потрага по удели и фирмите кои ги поседуваат, поседувале или подариле на најблиските градските татковци и мајки. 

Комисијата за заразни болести најави дека во текот на наредните денови ќе разговара за евентуално намалување на работното време на кафулињата и рестораните, како мерка која би спречила понатамошно ширење на заразата со корона вирусот. 

Во услови кога лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека е на одмор и дека ќе користи слободни денови уште околу една недела, можно е, во позадина, сепак да се водат преговори со ДУИ околу составување на новата Влада.

Седум штитеници на домот за стари лица „Астреон“ се позитивни на корона вирусот, а има тројца вработени кои исто така се регистрирани со Ковид-19, потврди за Фактор, директорката на Центарот за јавно здравје Штип, д-р. Марија Димитрова, која заедно со епидемилогот д-р. Светлана Живкова направиле увид во оваа установа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот