26 Ноември, 2024
0.0720

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија регистрира 364 заразени, Филипче најави нови мерки

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

НОВ „ЦРН“ РЕКОРД ВО МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-184, Куманово-13, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-19, Струга-6, Велес-4, Битола-10, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-11, Кичево-3, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-12, Дебар-2, Штип-3, Прилеп-16, Тетово-6, Струга-3, Велес-4, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1. 

Во болнички услови починати се 3 лица, од Охрид (73г.), Гостивар (62г.) и Радовиш (72г.).

ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ НОВИ МЕРКИ

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, на која соопшти дека по денешните 364 новозаразени, во консултација со членови од Комисијата за заразни болести, а во согласност со епидемиолошката слика, одлучиле до Владата да препорачаат нови рестриктивни мерки.

-Се забрануваат семејни собири, прослави. Претстои период на слави...Препораката е во еден дом, ако има четворочлено семејство, најмногу гости што смеат да се примат е уште четворица. Со оваа мерка се обидуваме, рестрикцијата што ја направивме со угостителските објекти да не се рефлектира со правење домашни забави, журки и така натаму, каде ќе има собирање на голем број луѓе, а тоа е ризик за ширење на вирусот. Впрочем, анализите и покажуваат дека најголем број од заразените, се токму од домашни собирања. Истовремено, маските стануваат задолжителни секаде, освен при спортување на отворено, како и за децата под 6 години, значи претшколска возраст. Во возилата исто така не е потребно да се носи маска, но само ако се членови од исто семејство. Предлагаме до владиниот Кризен штаб и забрана за групирање на не повеќе од четворица по 22 часот на јавни места, односно во парковите, кафулињата, кафеаните..., истакна министеропт Филипче на денешната прес-конференција.

Очекува дека граѓаните ќе бидат свесни и дека ќе ги почитуваат новите рестрикции, особено поради фактот што не очекува тежок есенски и зеимски период. 

„БОМБА“ ЗА А1 ТВ

Две аудио бомби во кои се зборува за поранешната моќна телевизија А1 се појавија денеска на јутјуб. Поставени се на каналот Fenix A1, а во еден од разговорите објавувачот тврди дека е меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс премиерот во бегство Никола Груевски и поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Во другата бомба за случајот со затворањето на А1 телевизија разговараат новинарот Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.

Во еден од разговорите поранешниот премиер и се јавува на Јанкулоска и ја поврзува за случајот Пајажина да разговара со Шврговски за кој вели дека е кај него. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во годината во која светот го тресе криза од епски размери предизвикана од глобалната здравствена пандемија од корона вирус кој удри по глобалната економија , акционерите на „Тетекс“ поранешен најголем производител на текстил одлучија да поделат две дивиденди. 

Ништо не е искомплицирано. Во тек е процедурата за избор на банка со која Македонска пошта ќе го склучи договорот за вршење на платниот промет.

Државата ќе им го врати на потрошувачите сиот платен данок на додадена вредност (ДДВ) за купените македонски производи и компјутери и за платените услуги за време на следниот продолжен „викенд без ДДВ“. 

Владата за помалку од еден месец раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Дали е есента виновна за високиот број на новозаразени или преголемото опуштање на граѓаните? Министерот за здравство, Венко Филипче веќе напомена дека ова е очекуваниот есенски бран, па веќе и почнаа со одредени рестриктивни мерки, со кои прво ги забранија јавните настапи на музичарите во угостителските објекти.

Бучава, енергија, романтизим и поезија, волја и ентузијам. Како само почетоците на македонската држава паралелно може да се гледаат низ изразот на рокенролот од македонската рок и пост-панк ера од 90-тите. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили