26 Ноември, 2024
0.0272

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија со над 300 заразени, позитивни се и неколку наставници

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ЦРН РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 .

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1. 

Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.). 

ИМА НЕКОЛКУ ЗАРАЗЕНИ НАСТАВНИЦИ

Заразени со коронавирусот се наставници кои држеле онлајн настава. 

Наставниците не биле во контакт ниту со свои колеги, ниту со деца.

Во јавност оваа информација ја соопшти министерската за образование, Мила Царовска.

Таа вели дека претходниот случај со деца во изолација е единствен случај во државата.

Во скопско училиште има позитивна учителка, по што децата одат во изолација. 

МУЗИЧАРИТЕ И УГОСТИТЕЛИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДАТА

Музичарот Даниел Сидовски денеска на протестот пред Владата изјави дека сите се засегнати од пандемијата и мерките кои се наметнуваат. 

Ги повика присутните на протестот да аплаудираат со цел да ги чуе и премиерот Зоран Заев. 

Тој рече дека се прелеа чашата, но и дека следат што се случува со пандемијата во светот. 

Властите ги обвини дека преку ноќ ги менуваат мислењата. 

„Зошто ги менувате одлуките преку ноќ само вие си знаете, а ние само можеме да претпоставуваме“, рече Сидовски. 

Велат дека се во бродот кој полека тоне и ќе го допре дното, а при тоа додаваат дека има и фабрики со по 5.000 луѓе кои работат. 

ВАРХЕЈИ ГО КАЖА СТАВОТ ЗА МОЖНАТА БЛОКАДА ОД БУГАРИЈА

Оливер Вархеји, еврокомесарот за проширување, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за притисоците од Бугарија на сметка на Македонија кон земјите-членки на ЕУ во пресрет на одлуката за датум за отпочнување на преговорите, рече дека „дипломатијата ќе функционира и ќе ги реши проблемите“.

- Јас сум свесен за чувствителноста, сакам да ве замолам за трпение, дипломатијата ќе функционира, тоа го видовме во многу други примери, како со Преспанскиот договор. Сите услови се исполнети за почеток на првата меѓувладина конференција. Се движиме според планот, рече Вархеји, кој во Скопје допатува по објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Тој повика двете земји соседи да изнајдат побргу заедничко решение за спорот, бидејќи тоа, според Вархеји, ќе ја забрза интеграцијата на Македонија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во основното училиште „Гоце Делчев“ една од наставничките која води прво одделение е позитивна на корона вирусот, заради што во изолација се 15-те ученици и нејзината колешка, со која заедно го водат одделението. 

Д-р. Љубен Арсенков, В.Д. директорот на Клиниката за хируршки болести„ Свети Наум Охридски“, односно старата Градска Болница во Скопје за Фактор потврди дека нивниот пациент, Бојан Јовановски-кој јавноста го знае како Боки 13, сè уште е хоспитализиран и е на болнички третман во таа здравстева установа.

Дел од пациентите кои веќе неколку месеци се излекувани од корона вирусот, сега имаат бројни здравствени проблеми.

Позајмувањето го проблематизираше поранешната дополнителна министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриеска Кочоска, Владата веднаш по составувањето одлучи да го земе без одолговлекувања.

Група понудувачи предводена од фирмата на таткото на Крсто Мукоски „Атриум ДОО“ Вевчани, доби тендер од 1,52 милиони евра од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Билатералните експерстки комисии кои се формирани согласно со Преспанскиот и со Договорот за добрососедство седум месеци не ги добиле своите месечни хонорари кои се движат од 61.500 денари до 73.800 денари по застојот поради корона-кризата и предвремените парламентарни избори во земјава.

Иако оваа година се соочуваме со пандемијата на коронавирусот, која донесе рестрикции во движењето, сепак илјадници обожаватели на ликот и делото на мега ѕвездата Тоше Проески ја посетија Спомен куќата во Крушево.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили