18 Декември, 2025
0.0561

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2025 22:20

Добивај вести на Viber

МАЖ ЗАГИНА ВО ПОЖАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Изгорено човечко тело и изгорени грла добиток пронашле пожарникарите вчеравечер откако го изгаснале пожарот што избувна кај мост на Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров.

Како што соопшти МВР во дневинот билтен, вчера во 18  часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на сува трева кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. 

ПОЖАРОТ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, сè уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи вечерва.

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.

„Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, велат од ЦУК. 

ВЛАДАТА ГО ОДБИ АМАНДМАНОТ НА СДСМ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош за повредените во пожарот во Кочани. 

Власта не го прифати предлог - амандманот за одредување средства од буџетот за повредените во пожарот. На расправата по предлог ребаланс на буџетот, денеска заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека преку фондови Владата веќе им помага на повредените.

Опозицијата одговори дека таквата помош не е доволна и реална. Се работи за над 200 повредени кои треба да застанат на здрави нозе. 

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ДРЖАВАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА

Инфлацијата во јуни во однос на истиот месец лани бележи зголемување од 4,5  отсто,  а во првите шест месеци од 2025 во однос на првата половина од 2024 таа е зголемена за 3,8 проценти.

Претходно министерот за економија Бесар Дурмиши најави преземање мерки ако таа е повисока од 4 отсто, а денеска премиерот Христијан Мицкоски го потврди загрижувачкиот податок и најави одлуки за кои ќе се разговара во текот на денот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кавадаречката фирма ГМЛ опстојува на цената од 50 денари што ја понуди за секоја акција во РЖ Економика. Таа продолжи да купува акции по таа цена и од декември досега успеа да купи 46,7 отсто од сите акции. Дали наскоро РЖ Економика ќе добие мнозински сопственик?

Сотир Лукровски е името кое без претходна најава вчера беше официјално потврдено од ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник на Општина Карпош на есенските локални избори кои следуваат.

Неделава во Русија треба да се публикува извештајот „Вонрегионални актери на Балканот“. Тој е подготвен од експерти од Рускиот совет за меѓународни работи(РСМД). Во него се анализира улогата и влијанието на надворешните играчи во регионот, Русија, ЕУ, Турција, САД и Кина. Во очекување на целиот извештај, во рускиот весник „Коммерсант“, кој дојде до него, се публикувани главните поенти на извештајот.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми