29 Јуни, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мерко е прв, но ќе има и други имиња на црната листа на САД

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

ЦРНАТА ЛИСТА НА САД ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНЕТА СО НОВИ ИМИЊА

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, вели дека покрај струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на „црната листа“ на САД ќе има и други имиња. Таа рече дека процесот на прогласување на лица за „нон грата“ се прави внимателно и се заснова на факти.

„Само ќе додадам дека за овие ознаки е потребно време, тие се внимателно проследени со процес на правен преглед, што значи дека не се лесни, не се брзи и во одреден момент се разгледуваат од голем број институции, како што е нашата правна канцеларија на САД“, изјави Агелер.

Според премиерот Димитар Ковачевски, ставањето на струшкиот градоначалник на американската црна листа, е само уште една потврда дека на истражниот и правосудниот систем на државата му е потребен ремонт. Прашан дали ќе бара од советничката група на СДСМ во Општина Струга да му ја откаже поддршката на градоначалникот Мерко, премиерот со став дека околу тоа добро ќе треба да размислат сите советнички групи во општината.

Координаторот за антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју, во интервју за албанската редеакција на „Гласот на Америка“ рече дека не може да се споделат повеќе детали зошто градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, е ставен на американската црна листа.

РЕВИЗОРИТЕ ИМААТ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ПОПИСОТ

Државниот завод за ревизија по извршениот ревизорски извештај за Пописот спроведен во 2021 од страна на Државниот завод за статистика,  ја оспори софтверската апликација за самопопишување на македонските државјани во странство.

За државниот ревизор спорно е тоа што уште во 2019 година извршена е набавка на софтверска апликација за пописот, но не е набавена софтверска апликација за самопопишувањето; Набавката на апликацијата за самопопишување во странство започнала само неколку дена пред да започне пописот на 1 март 2021 за македонските државјани кои биле привремено во странство.

ИМА РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ГАРАФАТА ЗА НАЦИОНАЛНОСТ ВО ИЗВОДИТЕ

Бугарската фондација Македонија има свое толкување на одлуката на македонското Министерство за правда во изводите од матичните книги на родените да се отвори нова графа за етничка припадност.

Партијата Демократски сојуз го обвини министерот за правда, Кренар Лога за злоупотреба на службената положба и бара негово разрешување.

Обвинија дека Лога донел Упатство за водење на матичните евиденции во кое, покрај податоците кои се утврдени со Законот за матични евиденции, министерот вовел графа во која се искажува и националната, односно етничката припадност. Националната и етничката припадност на една личност, велат од партијата на Павле Трајанов е неприкосновено човеково право кое не може да се изјавува во официјален документ без промена на Законот и без поддршка од граѓаните. Партијата побара од Владата итно да го повлече ваквото, како што велат, незаконито Упатство, велејќи дека она што го направил министерот за правда Кренар Лога е преседан.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Детален преглед на тоа што поседуваат градоначалниците на Аеродром, Тимчо Муцунски, Гази Баба, Бобан Стефковски, Курто Дудуш на Шуто Оризари и Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода.

И Бугарија бара работници од Македонија за во секторот туризам и угостителство. Има огласи во кои се нудат плати од 800 евра за келнери, за работа 6 дена во неделата, по 8 часа, со платени патни трошоци и сместување во хотел. Бараат работници за 3 месеци, а воедно нив им нудат и 50 отсто попуст на храната во хотелот каде ќе бидат сместени. Ова се однесува за Поморие.

Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат нов раст на просечната исплатена нето плата за месец април. Бројките велат дека просекот надминува 36 илјади денари, а претходниот месец за малку не достигна 35 илјади денари.

Граѓанската обврзница која граѓаните очекуваат да се распише во секој момент, сеуште ја нема, иако Министерството за финансии останува на ставот дека тоа ќе се случи во најбрз можен рок, но затоа се издадени нови три државни обврзници, на вкупна сума од нешто над 20 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност