22 Ноември, 2024
0.1171

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Пописот во Албанија покажа многу повеќе Бугари од Македонци. Партијата на Македонците, Mакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) како единствена партија која ги застапува интересите на македонската заедница во Албанија, изразува огорченост и непризнавање на објавените резултати од Пописот во 2023 година. 

Велат дека бројките за македонското малцинство се манипулирани и фалсификувани. Ова го изјави лидерот на партијата Васил Стерјовски на прес-конференција во Корча.

Од име на партијата објасни дека македонската заедница не може да биде колатерална штета на патот на Албанија кон европското членство, поткрепувајќи го тоа со заканите на Бугарија, најпрво со признавање на непостоечкото бугарско малцинство, а потоа и со нереагирање на нивните предупредувања за заканите од бугарските власти кон Македонците за да се попишат како Бугари и условувањето со добивање пасоши.

„Фактот дека Бугарија го контролира пописот во Албанија е што во Бугарија за време на пописниот период во Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од обрасците како се изјаснувале жителите во Албанија. Овие податоци се заштитени со закон, но Бугарија имала пристап. Членството на Албанија во Европската Унија е стратешка одлука на нашата земја како и барање на албанските граѓани без разлика на етничката припадност. Македонската заедница во Република Албанија не може да биде колатерална штета на патот на Албанија кон европското членство“, рече Стерјовски.

Според македонската партија, во Општина Пустец, каде притисокот на Бугарија е голем, од шест недели колку што траеше пописот, тој траел само три недели.

„А во текот на овие три недели од поплаките што ни пристигнаа, утврдивме дека попишувачите не посетиле многу домови и дека многу семејства кои биле физички лоцирани во Општина Пустец и кои барале да бидат попишани, некои од попишувачите напишале дека не живеат тука. Иако од ИНСТИТ ни беше ветено дека ќе бидат регистрирани сите жители на Општина Пустец, а пописниот рок во Пустец ќе биде продолжен за две недели, како што се случи во другите области во Албанија, тоа не се случи и многу жители не беа попишани“, нагласи Стерјовски.

МАЕИ во име на Македонците не само што не ги „признава фалсификуваните пописни податоци за македонското малцинство, туку бараме и од државата и од меѓународните институции да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати отворено излегуваат против уставниот поредок и европските аспирации на Албанија“.

„Затоа, бараме спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност на Албанија. До Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција ќе доставиме барање да поведе истрага не само за ИНСТАТ, тку и за сите индиции околу пописот“, најави Стерјовски.

Тој за албанските медиуми ги наведе и низата нерегуларности во спроведувањето на оваа значајна статистичка операција.

„Начинот на кој беше спроведен пописот минатата година и прибирањето податоци за етничката припадност се вршеше со бројни прекршувања во текот на процесот. Еден од проблемите што ги имавме во периодот пред почетокот на пописот како и за време на пописот е притисокот од Бугарија македонското малцинство да се декларира како бугарско. Овој притисок дојде по признавањето од страна на Албанија во 2017 година на непостоечко бугарско малцинство во нејзините граници, по заканата на Бугарија дека ќе стави вето на европскиот пат, каде според официјалните податоци од пописот спроведени низ годините, како и пописот од 1989 година и последниот во 2011 година, ниту еден жител во Албанија не се изјаснил како Бугарин“, рече Стерјовски. 

Додава дека албанските институции не презеле никакви мерки за да му гарантираат на македонското малцинство слободно и непристрасно изјаснување без надворешен притисок од Бугарија, туку отворено им помогнале на бугарските власти.

„Пред почетокот на пописот, но и за време на пописот на подрачјето на Преспа, Гора и Голобрдо, каде што живее македонското малцинство, дојдоа претставници на бугарските институции, кои донираа разни помагала, но направија и пропаганда за жителите да се изјаснат како Бугари, за што ќе бидат обезбедени со бугарски пасоши. Луѓето од македонската заедница, кои аплицирале за бугарски пасоши и се во процес на вадење пасош и пред почетокот на пописот и за време на пописот, биле контактирани од Бугарската амбасада и посредниците за пасоши за да се изјаснат како Бугари на пописот, со закана дека во спротивно нема да ги добијат пасошите. На терен, во областите каде што живеела македонската заедница се водеше кампања да се изјаснат како Бугари, а откако ќе се изјаснат ќе имаат можност да добијат потврда од општините дека се изјасниле како Бугари и веднаш ќе добијат бугарски пасош“, се наведува во реакцијата.

Потенцираше дека албанските граѓани имаат добиено бугарски пасоши и платиле илјадници евра за него, затоа што е европски пасош, а не затоа што се Бугари и со тој пасош можат да ги користат привилегиите на Европската Унија.

Според денеска објавените резултати во Албанија живеат 2.281 Македонци, наспроти 7.957 Бугари, а во претходините, до сега 11 пописи ниту едно лице не се изјаснило како Бугарин.

фото Фејсбук/Васил Стерјовски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР