08 Декември, 2025
0.0453

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mигрантот не е заразен со мајмунски сипаници, а кичевчанецот не сакал да се тестира

Објавено во: Македонија 11 Август, 2022 21:02

Добивај вести на Viber

МИГРАНТОТ  НЕ Е ЗАРАЗЕН, А КИЧЕВЧАНЕЦОТ НЕ САКАЛ ДА СЕ ТЕСТИРА

Во врска со актуелната состојба во Македонија во однос на суспектните случаи на мајмунски сипаници, Комисијата за заразни болести одржа состаноци, по што претседателот, д-р Александар Петличковски соопшти дека јавноста во земјава не би требало да биде исплашена и како здравствени власти не очекуваат драматичен развој на настаните.

-Ова не е нов ковид, нема место за паника, односно не очекуваме сериозно ширење на оваа болест. Од свата случаи, оној вториот, односно пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, веќе е тестиран и резултатот е негативен, додека за првиот случај, оној од Кичево се уште немаме примерок и се организираме да го организираме тестирањето. Се надеваме дека до крајот на неделава ќе имаме резултат и од тоа тестирање, рече д-р Петличковски.

Тој посебно нагласи дека мајмунските сипаници е болест која не се пренесува така лесно, заради што не треба да се создава паника, но во однос на пациентот од Кичево кој воопшто досега не дал примерок за анализа, истакна дека е воспоставена комуникација неколку пати и со него и со неговото семејство со цел за да се направи тестирање кое е во интерес на сите.

ССМ ЌЕ  ГИ РАДИКАЛИЗИРА ПРОТЕСТИТЕ АКО НЕМА ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека ако нема покачување на платите од септември ќе има радикализација. 

Димовски денеска во вестите на Сител изјави дека многу работници преку иницијативата „Отворен Балкан“ ги спремиле куферите за да си заминат од земјава.

Според него, ССМ повеќе не бара зголемување од 2.806 денари за сите како солидарно решение.

„Покачувањето сега мора да биде 18,4 отсто. Гледаме лебот се покачи, цените се високи… Како ќе преживееме ние? Ќе чекаме Владата да направи нова методологија? Ние ќе се радикализираме, а граѓаните, пензионерите, младината нека го сфати ова сериозно“, изјави Димовски во вестите на Тв Сител.

ПАРТИСКИ ОБВИНУВАЊА ЗА ПЛОЧАТА НА ПРОХОР ПЧИЊСКИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го нарече шефот на државата, Стево Пендаровски лажна величина поради отстранувањето на плочата посветена на првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски во Србија. 

Вели дека тоа е потврда дека се работи за најголемата измама и за најголемата фасада на македонската политичка сцена. 

„Стево Пендаровски со голема помпа во јавноста велеше дека се враќа прославата во Прохор Пчински, притоа излажа и не кажа дека последно тоа се случи во 2009 година, туку велеше дека се случило многу порано“, рече Николоски.

Тој додаде дека претседателот се поклонил пред лажна плоча. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Народна банка го објави она што сите го знаеме и го гледаме во реалноста, но не ни беа познати точните бројки. А тоа е дека во вториот квартал на годинава цените на становите доживеале драматичен и досега невиден раст, односно на годишно ниво поскапеле за дури 16,5 отсто.

Добивка од 848.000 евра, успешно работење без кредити, прилив од 183.000 евра од дивиденди, грижа за вработените преку зголемување на исплатите за нив за 15 отсто од лани. Ова се клучните белези на работењето на најголемата домашно поседувана пиварница за првото полугодие годинава

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра.

Граѓаните се загрижени од бранот поскапувања кој никако да запре. Инфлацијата урива рекорди и достигна 16 отсто. Поскапеа лебот, маслото за јадење, млечните производи, овошјето, констатираше Државниот завод за статистика(ДЗС).

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село