ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша
Објавено во: Економија 06 Декември, 2024
МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ТРЕБА ДА ЈА ДОГОВОРАТ СИНДИКАТИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ
Ако газдите и работниците договорат минималец од 450 евра, Владата ќе прифати.
Според премиерот Христијан Мицкоски работодавачите и работниците треба да се договорат околу минималната плата.
„Од аспект на централниот Буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има во Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме. Ќе ги оставиме двете страни да се усогласат, што можат едните, а што другите да прифатат“, изјави премиерот.НАСИЛНИОТ УЧЕНИК ЌЕ СЛЕДИ ОНЛАЈН НАСТАВА
Учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје го прекинаа бојкотот и од вторник се враќаат во редовна настава, јави Сител телевизија, повикувајќи се на информации од Советот на родители.
Денеска во училиштето бил присутен тим составен од страна на Центарот за социјални работи за разрешување и следење на состојбата со актуелниот проблем со третоодделенецот којшто имал насилно поведение.ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ЛИЦАТА КОИ ПАЛЕА ЗНАМИЊА
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против четири лица кои на 28 ноември го палеа македонското, односно албанското знаме во различни случаи.
Според ОЈО,тие со своите дела предизвикале омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побарале од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка. Тројца од нив го палеле и кинеле македонското, а четвртиот го запалил албанското знаме.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Покрај тоа што Владата и Дирекцијата (ТИРЗ) одобруваат субвенции и државна финансиска помош по разни основи за инвеститорите во слободните индустриски зони во земјата, висока сума на средства се троши и за изградба и одржување на самата инфраструктура.Осигурителното брокерското друштво АМ Брокер, кое досега било во доминантна сопственост на Тони Лукановски и Зоран Василевски, сега има нов главен „газда“, а тоа е компанијата „Аутомакедонија“.