Марјан Ристески призна: Трговците не изманипулираа за „есенската кошничка“
Објавено во: Економија 26 Декември, 2024
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески синоќа во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар самиот рече дека трговците ги зголемиле цените кога разбрале дека ќе се воведува „есенската кошничка“, по што намалените цени главно биле нереални.
„Видете, јас навистина сум изненаден. Од она што го утврдивме од претходната кошничка,имаше одредени маркети,производители и дистрибутери кои претходно ги зголемија цените кога беше кажано дека ќе има мерка. Тоа е изигрување и манипулации со граѓаните
Некои ја намалија грамажата, а некои ги тргнаа производите од рафтовите под разни изговори. Нема да дозволиме повеќе такви работи. Акцијата(за новогодишната кошничка) е нивна,и треба да ја почитуваат“,рече Ристески.
Тој им порача на маркетите дека имаат рок до утре да ги намалат енормно зголемените цени за празниците на кафето,какаото,шежерот,маслото за јадење,кашкавалот, сирењето, јајцата, јунешкото и свинското месо.
„За „училишната кошничка“ имаше над 100.000 евра казни, за „есенската кошничка“ имаше околу 200.000 евра казни. Еве сега им даваме шанса тие пари да ги дадат на граѓаните. Поевтинете ги производите и дозволете им на граѓаните полесно да ги поминат празничните денови“,додаде заменик-министерот.