15 Декември, 2025
0.0420

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерство за финансии времено ги стопира исплатите од ИПАРД, Брисел ја поздравил одлуката

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2025 22:09

Добивај вести на Viber

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ВРЕМЕНО ГИ СТОПИРА ИСПЛАТИТЕ ОД ИПАРД

Рeпублика Северна Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата.

Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

„За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција.Во моментот Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања“, велат од Министерството за финансии. 

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА 500 ЛУЃЕ СЕ ОТСТРАНЕТИ ОД РАБОТА

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека од денеска 

500 лица се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје.

Објасни дека тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години.

„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност!  Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи - ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, вели тој. 

ФРЧКОСКИ ГИ КРИТИКУВАШЕ ПЕНДАРОВСКИ, ТОЈ МУ ОДГОВОРИ

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се огласи на социјалните мрежи и не му остана должен на професорот Љубомир Фрчковски кој во емисијата „Во Центар“ го прогласи за „мешетар во СДСМ“.

- Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата "Во Центар" во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување:

Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум "мешетарел" како многу други во чии кариери нема ништо друго освен задкулисни маневри и кафеанско озборување.

Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради "квалитетот" на изворите со кои се дружат, напиша Пендаровски.

ОД ВРЕДИ ВЕЛАТ ДЕКА ВЕСНА ЈАНЕВСКА ТРЕБА ДА СЕ ЧУВСТВУВА ЛОШО ЗАТОА ШТО НЕ ЗНАЕ НИТУ ЗБОР АЛБАНСКИ

Коалицијата Вреди реагира дека министерката за образование, Весна Јаневска изразила незадоволство што градоначалникот на Тетово, Билал Касами зборувал албански со дел од новинарите.

„Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик. Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа - и покрај тоа што живее во повеќејазична средина - не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик. Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции“, велат од коалицијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонските граѓани и компании не се откажуваат од кредитите и продолжува трендот на раст на задолженоста и покрај тоа што референтната каматна стапка на благајничките записи останува висока.

АД ЕСМ месецов ќе плати 6.767.424 евра за електрична енергија што нема да ја произведе како државно електростопанство, туку ќе ја купи од надворешен снабдувач.

Ширум Македонија се продаваат наместени станови, а нив најчесто ги купуваат семејни луѓе кои сакаат брзо да се вселат во новиот дом. 

Најавата дека американската компанија „Аптив“ наскоро ќе го напушти нашиот пазар, а за овој потег согласно досегашните информации и шпекулации веќе се подготвувале.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“