ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерот вети дека случајот „Жан Митрев“ ќе се расветли до крај
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2022 21:16
САЛИ ДАДЕ ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ЖАН МИТРЕВ“
Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај и ќе добие разрешница. Никој не е над законот, ниту има недопирливи, рече денеска министерот за здравство Беким Сали.
Сали на прес-конференција информира дека моментно е во тек состанок на стручен тим од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со претставници од клиничката болница „Жан Митрев“ за да се утврди дали испитувањата врз пациентите кои се лекувале таму се вршени согласно важечките прописи.
Според министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во последните три години направил 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во 12 приватни здравствени установи. Детали соопшти директорката Иринка Сотировска Бухова, информирајќи дека конкретно во „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори.МАКЕДОНИСТИТЕ СЕ ЈАВИЈА СО РЕАКЦИЈА
Младите македонисти излегоа со жестока реакција за Унилатералната изјава за македонскиот јазик, која е приложена кон записникот од Првата меѓувладина конференција.
Во целост го пренесуваме нивното соопштение.
По објавувањето на Унилатералната изјава на Република Северна Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК, во којашто се изоставени значајните научни факти за историјата и континуитетот на македонскиот јазик и книжевност, а едновремено се изнесуваат научно неточни тврдења за македонскиот јазик, ние, младите македонисти, должни сме да застанеме во одбрана на научната вистина и македонистиката и да не дозволиме да бидеме современици на отпочнување етапа на самонегирачки процес, со политички акт во којшто не се земени предвид научно потврдените сознанија и заклучоци ниту на македонската, ниту на светската филологија.ЦУФИ КОКА ДОБИ 4 МЕСЕЦИ ЗАТВОР
Јусуф Енузи-Кока за инцидентот на плоштадот „Скендербег“, каде со пиштол предизвика значителна опасност по животот на учесниците во протестот против францускиот предлог, добил 4 месеци затвор.
Информацијата за Тв 21 ја потврдиле членови на семејството на Кока.ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ОСОМНИЧЕНО ЗА ПАЛЕЊЕ НА АВТОМОБИЛ НА ПРАТЕНИК
Полицијата приведе осомничен за палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески.
Во Прилеп во текот на изминатата ноќ е опожарен автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески при што огнот го зафатил и автомобилот на неговиот татко.
За случајот на Фејсбук информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој вели дека станува збор за „кукавички чин зад кој стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




