ФАКТОР НА ДЕНОТ: На 11 Октомври упатени пораки кон Софија и ЕУ, а поради коронавирусот Владата ќе работи онлајн
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Октомври, 2020
MAКЕДОНИЈА ГО ПРАЗНУВА 11 ОКТОМВРИ
Предложеното од Бугарија ниту е добрососедство, ниту е европско, но верувам дека тоа не е став на Борисов, вели премиерот Зоран Заев.
Вели дека ако тоа остане така, треба да го подготват македонскиот народ дека првата Меѓувладина конференција нема да се случи во декември.
Разговорите помеѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и бугарскиот премиер Бојко Борисов биле добри, но разговорите помеѓу бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева и македонскиот министер за надворешни, Бујар Османи не се баш добри.
„Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, ниту најмалку е европско. Ако тоа така остане треба да го подготвиме македонскиот народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која ја очекуваме во декември. Но, јас верува дека тоа не став на премиерот Бојко Борисов, мојот пријател и брат, верувам дека тоа не е став ниту на бугарскиот народ и ќе направиме сè овие претстојни денови да изнајдеме решение“, рече Заев.
Вели дека земјава ја прифатила заедничката историја како нешто што е составен дел од нашето минато, но и дека Северна Македонија, исто како и Бугарија, има и своја посебна историја.Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитро вели дека ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не заслужува да се вика европска.
Рече дека ниту една држава во светот, ниту соседна, ниту подалечна, па ниту меѓународна организација, нема право да се меша во нашето право на самоопределување.
„Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат да го видат македонскиот народ блиску и пријателски, мора да нè прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“, рече Димитров.
Тој вели дека во 21 век правото на самоопределување не неоспорно.
„Процесот што го почнавме со Бугарија во однос на разговор за наративите од заедничкото минато што не поврзува, мора да има и прифаќање на реалноста. Историјата не може да ја смениме, сегашноста можеме, можеме да обезбедиме подобра иднина. Сака мудрост од двете страни“, рече Димитров.ДЕНЕС ИМА 7 ПОЧИНАТИ И 383 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1648 тестирања, а регистрирани се 383 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-201, Куманово-11, Штип-21, Прилеп-20, Тетово-8, Струга-5, Велес-9, Битола-12, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-7, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-2, Неготино-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од: Скопје-43, Куманово-6, Штип-3, Тетово-10, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-1, Гевгелија-3, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-8, Берово-2, Валандово-3, Свети Николе-2 и Кичево-2.
Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).ВЛАДАТА ЌЕ РАБОТИ ОНЛАЈН
Владата ќе работи онлајн.
Седницата закажана за вторник по препорака на Комисијата за здравство ќе се одржи без физичко присуство, а премиерот Зоран Заев очекува онлајн седници да одржува и Собранието како што е тоа пример со парламентите во многу земји.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Директорот на болницата „8-ми Септември“, Христијан Костов вели дека моментално имаат неколку слободни места.
Објаснува дека дел од заразените со коронавирусот кои се со средна клиничка слика се префрлени на Инфективната клиника, со што има неколку места за потешките случаи кои би имале потреба од кислородна поддршка.Жалосно е што досега апелите за почитување на мерките не допреа до граѓаните и не вродија со никаков резултат, вели доктор Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања во Козле.
„Жалосно е што сите во ваков миг кога целиот свет е во светска војна со овој невидлив непријател, со оваа смртоносна болест. Сите ние го занемаривме овој факт и за миг заборавивме дека овој невидлив непријател постои и одзема животи. Досега здравствениот систем беше беспрекорно менаџиран, но веќе сме соочени со фактот дека севкупниот персонал иако добро балансиран и раководен веќе е преморен. Болниците се полнат и ако сами меѓусебно не си помогнеме несомнено постои можност да трагично ја изгубиме оваа битка, но пак повторно би поскал да оваа реалност ја свртиме во наша корист и сплотено и со голема свест се здружиме и го победиме оваа зло, оваа болест која е огромен и непредвидлив непријател“, вели Андоновски.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.