17 Декември, 2025
0.0602

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителите ја одбија жалбата на Русковска, а Бектеши најде решение за струјата во Арачиново

Објавено во: Македонија 24 Август, 2022 21:06

Добивај вести на Viber

РУСКОВСКА ОСТАНУВА СУСПЕНДИРАНА

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, останува супспендирана на работното место, откако Советот на јавни обвинители не ја прифати нејзината жалба.

Едногласно против гласаа Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски,Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова.

За жалбата се одлучуваше еден час без можност за присуство на новинарите на седницата.

Русковска е суспендирана откако доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција. 

БЕКТЕШИ СООПШТИ ДЕКА НАШЛЕ РЕШЕНИЕ ЗА СТРУЈАТА ВО АРАЧИНОВО

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека во координација со општината Арачиново и раководството на ЕВН, нашле привремено решение за  снабдување со електрична енергија. 

„Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

БУХОВА ОСТАНУВА НА ЧЕЛО НА ДСЗИ

Досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова останува и понатаму да го води Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Владата на вчерашната седница имаше предвидено точка на дневен ред разрешување на д-р Ирина Бухова од директор и назначување на нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Но, точката била повлечена од  предлагачот, односно премиерот Димитар Ковачески.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од резултатите лани очигледно е дека македонските хотелиери минатата година сакаат да ја памтат како ланскиот снег! Дали се за ова виновни само и исклучиво здравствените ограничувања, пост корона периодот, економската криза, рестрикциите за свадби и веселби?

Службата за општи и заеднички работи на Владата до Бирото за јавни набавки испратила допис дека на 23 август 2022 конечно е раскинат договорот за јавно-приватно партнерство за стопанисување и управување со комплексот Македонско село на Водно кај селото Нерези.

Уште еднаш се огласи компанијата „Макпромет“ од Штип, околу нејзиниот финансиски извештај за првото полугодие од годинава, во кој прво имаше навадено еден износ на трошоците за вработените, па потоа друг, многу повисок.

Јоже Трајков од селото Чешиново  вели дека нема егзистенција од производството на ориз.

Откако Фактор го објави текстот во кој информираме дека Загребската берза докупи удел во Македонската и дека сега е сопственик на 29,98 отсто од капиталот, а го поставивме прашањето зошто за тоа официјалнио не извести нашата берза, од Македонската берза денеска сакаат да дадат објаснување за тоа, а со цел, како што велат, точно и објективно информирање на јавноста. 

Законот за финансиска стабилност веќе е во сила, а согласно со него Комисијата за хартии од вредност ќе утврди кои играчи на пазарот на капитал ќе мора да бидат многу потранспарентни отколку досега.

Можна ли е сеопфатна војна меѓу САД и Кина откако конгресменката Ненси Пелоси и покрај предупредувањата го посети Тајван. Кинеската армија спроведува големи воени вежби и демонстрира сила околу самоуправуваниот остров, но какви ќе бидат следните потези на Американците, можни ли се нови провокации и инциденти кои би довеле до судир.

Во услови на енормен пораст на цената на електричната енергија на меѓународниот пазар, кај компаниите во земјава владее огромен интерес за поставување на фотоволтаични системи, како и за нивен приклучок во дистрибутивната мрежа.

Можеби ќе ве интересира

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра