ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинителството отвори истрага за лица од ДИК, а денес имаме нов рекорд на заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Ноември, 2020
ИСТРАГА ЗА 4 ЛИЦА ОД ДИК
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нареди истражна постапка против четири лица од Државната изборна комисија, како и управителот и сопственикот на приватниот оператор, по сите прибрани докази за јавната набавка на софтверот.
Истрагата се најде во центаротна вниманието откако вечерта на 15 јули се урна веб-страницата која требаше онлајн да ги покажува резултатите од предвремените парламентарни избори.
Поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки и заради непречено водење на кривичната постапка, надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје, за лицата предложи одземање на пасошите, забрана за напуштање на живеалиштето; осомничените да се јавуваат повремено во суд.ДЕНЕС НОВ РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3331 тестирања, а регистрирани се 1275 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-519, Куманово-70, Штип-36, Прилеп-75, Тетово-85, Струга-30, Велес-47, Битола-69, Охрид-24, Кавадарци-40, Гостивар-55, Гевгелија-22, Струмица-39, Крива Паланка-7, Радовиш-15, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-7, Кратово-12, Свети Николе-6, Кичево-34, Ресен-6, Неготино-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти од: Скопје-306, Куманово-25, Штип-17, Прилеп-12, Тетово-12, Струга-9, Велес-12, Битола-14, Охрид-28, Кавадарци-6, Гевгелија-12, Струмица-17, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-3 и Неготино-1.
Починати се 13 лица, еден пациент од Скопје (86г), еден од Штип (87г), четврорица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73г), еден од Тетово (71г), еден од Струга (31г), еден пациент од Битола (65г), еден од Охрид (82г), еден од Струмица (82г), еден од Кочани (72г) и еден пациент од Берово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.ТРАГЕДИЈА ВО КАВАДАРЦИ
Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти, објави денеска градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Додава дека изразува длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство.ПОЕВТИНУВААТ СУДСКИТЕ ТАКСИ
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека од денеска трошоците за судски такси во првостепена постапка се намалуваат за осум пати, односно од максимални 48.000 на максимални 6.000 денари според законските измени и дополнувања на Законот за судски такси.
- Од денеска тие се од 480 до најмногу 6.000 денари во зависност од спорот. тужите осигурителна компанија, за надомест на штета од 3 милиони денари, ако вредноста е 2 отсто од спорот, граѓанинот до сега требаше да плати за судски такси максимален износ од 48.000 , а сега ќе биде само 6.000 денари. По старата тарифа, за другите понатамошни постапки, ќе платевте 288.000 денари за одлука, жалба и ревизија , а по новата тарифа, најмногу 36.000 денари доколку се жалите. Како втор пример, за долг од 15.000 евра започнувате парнична постапка. Ако судската таса е 2 отсто, по старата тарифа се плаќа 18.600 а по новата само 6.000 денари, рече Маричиќ.
Министерот рече дека ова решение е дел од стратегијата за намалување на сиромаштијата и исполнето ветување од владината програма.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Компаниите преку Берзата ги објавуваат финансиските резултати за првите девет месеци од годинава.
Своите биланси ги објави и РЖ Услуги.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.