06 Октомври, 2024
0.0292

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одобрено обвинението против четири лица за убиството на Вања и Панче

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Основен кривичен суд Скопје денеска преку соопштение информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост. 

-Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ како и две кривични дела – Грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А.Ѓ. обвинет за едно кривично дело Грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. во ноември минатата година. По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост, соопштуваат од Кривичен суд.

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски најавува нова инвестиција во државата. 

„По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД. Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра“, вели тој. 

ФРЧКОСКИ НЕМАЛ ПРОБЛЕМ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД АМБАСАДОРСКОТО МЕСТО

Македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски ги демантираше објавите во одреден дел медиуми откако бил повикан од МНР на консултации во Скопје.

„Во медиумите низ Македонија деновиве се шират лаги за финансиското работење на Постојана мисија на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк и за амбасадорот, професорот Љубомир Фрчкоски, со поднаслов „од извори на МНР“. Клучниот дел од тие лаги поранешниот министер, Бујар Османи, ги демантираше јавно нарекувајќи ги токму така „лаги“ ((https://www.mfa.gov.mk/mk/page/13/post/3473/fabrikata-za-lagi-prodolzhuva-da-shiri-manipulacii-i-netrpelivost), а се однесуваа на добиените пари за сукцесија на објектот на поранешната СФРЈ во Њујорк. Да потсетиме, конструкциите се однесуваа на тврдењата дека „амбасадорот со тогашниот Премиер прави матни зделки со тие пари и не ги внесува во буџетот каде законски припаѓаат“, се вели во неговата реакција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Повеќе култури веќе ги нема на нивите во Македонија поради неколку фактори, а други се во опасност дека во иднина ќе ги снема.

Од својот најголем акционер „Европа“ ќе си купува шпедитерски и транспортни услуги, организира исхрана, но предвидено е и купување и продажба. Во објавата на берза пишува дека соработката ќе биде по тековни пазарни услови

Државната управа и јавните претпријатија не им должат само на меѓународни кредитори, туку и на фирми од земјата, кои потоа мора да ги обештетат спогодбено. „Каргомакс“ од Миладиновци по парламентарните избори наплатил 1,8 милиони евра како обештетување од Министерството за финансии за да не ја тужи државата пред Европскиот суд за човекови права.

Можеби ќе ве интересира

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица