ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орце Ѓорѓиевски тврди дека на платен список во „Комунална хигиена“ има и затвореници
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2025 22:09
ЃОРЃИЕВСКИ КАЖА ДЕКА НА ПЛАТЕН СПИСОК ВО „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ИМАЛО И ЗАТВОРЕНИЦИ
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, излезе со сериозни обвинувања за случувањата во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Вели дека во ова градско претпријатие се евидентирани лица кои воопшто не извршувале работни обврски, а меѓу нив имало и затвореници.
ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЌЕ ИМА ПО ДВЕ РОЧИШТА НЕДЕЛНО
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември. Судот ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Надлежните упатија апел до медиумите и јавноста за достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во постапката.
ТРИПУНОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА БРИСЕЛ ЈА ПОДДРЖАЛ ОДЛУКАТА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ СО ПЛАТЕЖНА АГЕНЦИЈА
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вели дека Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција.
Повика опозицијата да не шпекулира и вели дека само 50-тина договори кои што се во фаза на реализација, се стопирани.
„Стопирањето на процедурите е од наша страна, по проверката на целиот процес во Агенцијата со ИПАРД средствата ќе продолжи да се реализира”, изјави Трипуновски во „Тема на денот” на Сител телевизија.ВМА ГО СУСПЕНДИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ЛЕКАР КОЈ ПРЕГАЗИ КУЧЕ
Софиската ВМА го суспендираше Ненад Цоневски кој прегази куче и според медиумите тој ја напуштил земјата .
По инцидентот во Софија, во кој лекар од Македонија прегази маалско куче, денеска Воено-медицинската академија, каде што тој работи, соопшти дека до завршување на истрагата, д-р Ненад Цоневски нема да ги извршува своите службени должности.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајните прекршоци кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата со неплатени казни, објави Никана.гр.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




