26 Ноември, 2024
0.0291

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсмани на средба со Борисов, денес 386 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

OСМАНИ ВО ПОСЕТА НА БУГАРИЈА

БГНЕС објави видео од денешната средба на бугарскиот премиер Бојко Борисов со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во Софија, Станува збор за кратка средба пред официјалниот состанок на Османи со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

„Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека ние само треба да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не скршен мост на кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри “, рече премиерот Бојко Борисов за време на состанокот.

ЗА 24 ЧАСА 386 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-178, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-20, Тетово-13, Струга-9, Велес-5, Битола-13, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-4, Гевгелија-18, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-10, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-7, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-5. 

Во болнички услови починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).   

УЈП СО ДЕТАЛИ ЗА „ВИКЕНД БЕЗ ДДВ“

Веде директорот на УЈП Фарук Омери за „Викенд без ДДВ“ денеска на прес - конференција изјави дека основна цел на оваа мерка е повеќе пари кај граѓаните, посебно во овој период од годината кога граѓаните имаат повеќе трошоци. 

Со оваа мерка ќе се поддржи и домашната економија. 

„Секој граѓанин е инспектор на терен и бара да му се издаде фискална сметка, а ако не му се издаде, може да пријави во УЈП“, вели Омери. 

Рече дека доколку има некакви малверзации, поскапување на производи, тоа ќе биде казнето. 

Омери вели дека се свесни дека овој „Викенд без ДДВ“ се спроведува во време на Ковид 19, но трговците мораат да ги почитуваат протоколите. 

Граѓаните ќе имаат три дена рок за да ја скенираат сметката. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Ковид-центарот во Градската општа болница „8 Септември“, каде има капацитет за најмногу 50 пациенти, до утринава до 8.00 часот има 42-ца хоспитализирани со Ковид-19, потврди за Фактор, директорот, д-р. Христијан Костов.

Неколку чевларски фирми од Куманово ќе бидат во мирување до февруари, затоа што пандемијата на коронавирусот им го попречи нормалното работење, нови нарачки нема од Италија, а неизвесноста дали ќе има нови рестрикции е дополнителен удар.

Здравствената криза некогаш знае да биде и предизвик за бизнисот. Да се направи корисна работа за сограѓаните, и во исто време тоа да биде мудар и исплатлив деловен потфат. 

Претрпевме штета од затворањето на уплатно-исплатните места, но на работа ги задржавме сите вработени. Во време кога економијата се соочува со вистински предизвик поради ковид кризата, спортските обложувалници во земјава имаа значаен придонес за домашниот буџет во месеците по отворањето. Првиот човек на Асоцијацијата на спортски обложувалници Васко Илијевски во интервју за Фактор вели дека само од мај до крајот на август тие придонеле со 600 милиони денари во државниот буџет, по сите основи од работењето.

Најголем продавачи на авто гуми лани се „Мотоцентар“ пред ТДА Пнеуматик. Најголем профит има „Мотоцентар“, најголем процентуален раст на приходите има „Бибај“, а оваа фирма и Пнеуматик ТДА имаат неверојатен раст на профитите. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили