11 Октомври, 2024
0.0386

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Откако Уставен го укина балансерот има бројни реакции за и против

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

РЕАКЦИИ ЗА УКИНУВАЊЕТО НА БАЛАНСЕРОТ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва во гостување на ТВ21 изјави дека Уставен суд одамна требаше да го укине балансерот. 

Вели дека не може занимање да биде Македонец, Турчин, Ром. 

„Сите ги упатувам најпрво, бидејќи се повикуваат на изворот – Охридскиот Рамковниот договор уште еднаш да го препрочитаат. Таму јасно пишува дека кога зборуваме за администрација и вработување првиот критериум е стручност и компетентност, и велат дека покрај нив, треба да се почитува и основното начело на правичност и соодветна застапеност“, рече Сиљановска Давкова.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, порача дека Министерството не навлегува во содржината на одлуките, туку истите ги спроведува и применува. Тој потенцира дека владината коалиција има политички капацитет да почне со дијалог за да се најде соодветно решение кое би било солгасно уставот, но е на ставот дека не треба да се брза, туку да се отвори широка и јавна дебата.

„Добро е што беше отстранет балансерот“, рече поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во подкастот „Претрес со Ландов“, коментирајќи ја вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на „Балансерот“ како алатка.

СЕ ОДЛОЖУВА ПРИМЕНАТА НА НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН

Европската унија (ЕУ) одлучи да ја одложи имплементацијата на новиот систем за влез/излез (ЕЕС) во Шенген зоната, беше потврдено по состанокот на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ на 10 октомври.

„10-ти ноември повеќе не е на маса. Се надевам дека ќе започнеме што е можно поскоро, но засега нема нова временска рамка“, потврди еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, по министерскиот состанок.

Таа рече дека Германија, Холандија и Франција им потврдиле на европските институции дека не се подготвени да почнат со имплементација на овој систем, што меѓу другото е и причината за доцнењето.

ЌЕ ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ

Има решение за гужвите на граничниот премин Табановце-Прешево. Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на наредната летна сезона. Досега се потпишани повеќе согласности меѓу двете земји, но потребно е да се поедностави процедурата. 

Ова денеска го соопштија министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, по нивната средба во СВР Куманово. Тие разговараа и за справувањето со миграцијата и заедничките патроли.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, смемнети се члнови на Надзорниот одбор.

По само 100 дена од работењето на новата власт, ултра партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во земјата.

За еден месец од сега ГТЦ ќе добие нов менаџерски тим, потврдено е со објавата за закажано акционерско собрание на берзата. Според најновите официјални податоци, ГТЦ за првата половина од годинава, заработил два милиони евра, а завршил со добивка од 100.000 евра. Најголема приходна ставка, на поранешниот трговски гигант, е наплатата на паркинг просторот во подземната гаража.

Можеби ќе ве интересира

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Уставниот суд многу порано требаше да го укине „балансерот“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Уставниот суд многу порано требаше да го укине „балансерот“

КОВАЧЕВСКИ: Ако Албанија стане членка пред нас може и таа да ни стави услови

КОВАЧЕВСКИ: Ако Албанија стане членка пред нас може и таа да ни стави услови

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се одложува примената на новите правила за влез и излез од Шенген зоната

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се одложува примената на новите правила за влез и излез од Шенген зоната

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена